Брoj 2724  понеделник, 30 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Руска „зборнаја“ двојно поскапе

Одличните партии на ЕП 2008 рапидно ја зголемија цената на руските репрезентативци

Од нашиот дописник
Бранко Влаховиќ

Москва - Освојувањето на третото место на Европското првенство во Австрија и Швајцарија руските фудбалски репрезентативци наскоро ќе го почувствуваат и на своите банкарски сметки. Големиот успех и добрата игра, пред се' онаа против Холандија, ја подигна цената на „зборнаја команда“. Ако им се верува на руските извори цената на најдобрите фудбалери двојно порасна. Најбаран, и најверојатно најплатен ќе биде Андреј Аршавин, брзоногиот напаѓач на Зенит од Санкт Петербург. За популарниот Шава, Челзи наводно е подготвен да плати дури 20 милиони евра. Некои московски весници објавија информација дека за Аршавин е заинтересиран и Арсенал чие раководство е подготвено да плати 20 милиони фунти. Покрај англиските клубови за овој брзоног инженер на текстилно производство се интересира и шпанска Барселона. Иако Андреј Аршавин веќе подолго време учи англиски подготвувајќи се за заминување, сега тој порачува дека најмило ќе му биде да замине да игра во Барселона. Очигледно е свесен дека нешто помеката игра во Шпанија ќе биде подобра за неговиот„ситен штеп“. До Европското првенство, Зенит за Аршавин бараше 12 милиони евра, а беше подготвен да го пушти и за десет. Во Санкт Петербург тврдат дека Барселона веќе понудила 15 милиони евра за неговите услуги. Рускиот селектор Гус Хидинк тврди дека Аршавин е добредојден за секој клуб во Европа.

Втор најбаран руски фудбалер е крилниот напаѓач на ЦСКА, Јуриј Жирков за кого се интересира Реал Мадрид кој нуди 12 милиони евра. Жирков денеска е најуниверзалниот фудбалер во Русија . По добрите игри на ЕП 2008 во трката по него се вклучи и Манчестер Јунајтед.

Голманот Игор Акинфеев од ЦСКА е на мета на менаџерите на Арсенал. „Топчиите“ наводно нудат 10 милиони евра, а досегашната негова цена беше пет милиони евра.

За Денис Колодин се интересира Портсмут, а руските новинари пишуваат дека за неговите услуги англискиот премиерлигаш е спремен да плати шест милиони евра. За фудбалерот на ЦСКА, Сергеј Игњашевич, тимот на Зенит нуди шест милиони евра, додека за одличниот брз и упорен бек од Санкт Петербург, Александар Анјуков се нудат осум милиони евра.

Бенфика наводно нуди пет милиони евра за Игор Семшов, а Олимпик Лион сака да го доведе во своите редови Дмитриј Торбински за седум милион евра. До почетокот на ЕП 2008 неговата цена изнесуваше четири милиони евра. Напаѓачот на Локомотив Москва, Динијар Билјатединов сега бара 12 милиони евра за преселба во Челзи или Ливерпул.

Голгетерот Роман Пављученко е подготвен да замине од московски Спартак во Реал Мадрид или Барселина за 17 милиони евра. За него се интересира и Интер.

Досегашната практика покажа дека најголем дел од руските фудбалери кога заминуваат во странство повеќе седат на клупата отколку што играат. Ретките се руските играчи кои напредуваа во европските клубови. Многу од нив минаа по една сезона во странство и се враќаа дома. Денешните руски клубови можат одлично да ги платат своите звезди, па многу веројатно е голем дел од нив ќе одлучат да останат да играат во домашното првенство. Само оние најамбициозните како Аршавин и Жирков ќе можат брзо да се адаптираат и вклопат во играта на западните клубови.


Статијата е прочитана 398 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Фудбалски вести
Ватерполо - Добра генералка пред ЕП
Шпанија на врвот на Европа
Успешно евро-деби на Ренова
Работнички Ф. против Ротердам, Форца Волеј со руска Ленингратка
Коњички спорт - Наумовски и Димитров најуспешни на „Јунскиот турнир“
Геј го собори американскиот рекорд на 100 м.
Гимелштоб- Курникова е обична проститутка
Македонија блиску до контролка со Португалија предводена од Роналдо
Стоунер најбрз во холандски Асен
Александар Лазевски ја обнови повредата на стапалото
Шах - Митков со повисок рејтинг од Георгиев
Тешка сообраќајка на ватерполистот Икодиновиќ
Надал продолжува во голем стил во обид да го детронизира Федерер