Александар Лазевски ја обнови повредата на стапалото
Дефанзивецот на белградски Партизан и стандарден член на младата фудбалска репрезентација на Македонија, Александар Лазевски ја обнови старата повреда на стапалото. Имено, на Лазевски на еден од последните тренинзи во неговиот Партизан повторно му напукна повредената коска на стапалото, по што веднаш доби гипс на повредената нога кој ќе го носи во следните три недели. По оваа повреда тој дефинитивно нема да може да му се стави на располагање на селекторот Јонуз за претстојните дуели со Естонија и Норвешка. (Е.К.) |