Брoj 2724  понеделник, 30 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Надал продолжува во голем стил во обид да го детронизира Федерер

Она во што не успеа Натали Деши, и' појде од рака на Ји Женг, која во третото коло ја елиминира Ана Ивановиќ со 6:1, 6:4

Вториот светски рекет, Рафаел Надал, во голем стил го продолжува походот на годинашниот Вимблдон во обид да го детронизира Швајцарецот Роже Федерер. Шпанецот во третото коло немаше проблеми со Германецот Николас Кифер, го доби со 7:6, 6:2, 6:3, и се избори за меч против Русинот Михаил Јужњи.

„Засега ми оди добро. Во втората натпреварувачка недела на Вимблдон влегувам сосамо еден загубен сет, но свесен сум дека сега доаѓа потешкиот дел од работата“, рече Надал.

Најголемата британска надеж, Шкотланѓанецот Енди Мареј, кој е поставен за 12 носител, имаше доста проблеми против сонародникот на Кифер, Томи Хас, но на крајот сепак успеа да слави со 6:4, 6:7, 6:3, 6:2.

Она во што не успеа Францизинката Натали Деши и' појде од рака на Кинеската Ји Женг која во третото коло со 6:1, 6:4 ја елиминира комплетно индиспонираната Ана Ивановиќ, најдобрата светска тенисерка во моментот. Првиот женски рекет одигра катастрофален меч, а со одлично темпо што го наметна 133. тенисерка на ВТА ранг листата беше повеќе од доволно да го неутрализира доцното будење на Ивановиќ во натпревар што траеше само 72 минути. Ивановиќ не се снајде во улога на фаворит на Вимблдон.

„Разочарана сум од поразот, но ова е искуство за мене од кое можам многу да научам. Сега знам што не треба да правам пред почетокот на Вимблдон. Последните две недели беа набиени со емоции и тоа изгледа зеде данок. Немав најдобри подготовки по успехот на Ролан Гарос. На Вимблдон се мачев уште од првиот меч и никако не успеав да се прилагодам на оваа подлога. Ќе тагувам неколку дена, но барем знам што треба да поправам. Морам да се помирам со поразот. Нема светот да пропадне. Млада сум и имам доволно време да напредувам“, порача Ивановиќ за која утеха може да претставува поранешната шампионка на Вимблдон, Марија Шарапова, која мина слично како и неа.

По елиминациите на Ивановиќ и Шарапова како фаворитки за титулата на Вимблдон на површина излегоа Јелена Јанковиќ, Светлана Кузнецова и бранителката на трофејот, Венус Вилијамс. Јанковиќ во третото коло ја порази Каролина Вожњачки од Данска со 2:6, 6:4, 6:2, Кузнецова славеше над Стрикова од Чешка со 6:2, 6:4, додека В. Вилијамс беше подобра од Шпанката Марија Хозе Мартинез Санчез со 6:1, 7:5.

Резултати од мечевите во третото коло на Вимблдон

Мажи: Шутлер (Германија) - Гарсија Лопез (Шпанија) 6:2, 6:3, 6:4; Клемен (Франција) - Мелцер (Австрија) 4:6, 6:3, 6:4, 6:4; Типсаревиќ (Србија) - Турсунов (25., Русија) 7:6, 7:6, 6:3; Гаске (8., Франција) - Симон (28., Франција) 6:3, 6:3, 6:7, 6:3; Мареј (12., В. Британија) - Хас (Германија) 6:4, 6:7, 6:3, 6:2; Јужњи (17., Русија) - Степанек (16., Чешка) 7:5, 6:7, 6:4, 6:7, 6:3; Чилиќ (Хрватска) - Матје (14., Хрватска) 6:7, 6:3, 6:4, 7:6; Надал (2., Шпанија) - Кифер (27., Германија) 7:6, 6:2, 6:3.

Жени: Клејбанова (Русија) - Сугијама (Јапонија) 6:4, 6:4; Дементиева (5., Русија) - Дулко (Аргентина) 7:6, 7:5; В. Вилијамс (7., САД) - Санчез (Шпанија) 6:1, 7.5; Јанковиќ (2., Србија) - Вожњачки (31., Данска) 2:6, 6:4, 6:2; Танасугарн (Тајланд) - Ераковиќ (Н. Зеланд) 4:6, 6:4, 6:4; Петрова (21., Русија) - Азаренка (16., Белорусија) 7:6, 7:6; Кудрјавцева (Русија) - Пенг (Кина) 6:3, 1:6, 6:4; Пир (24., Израел) - Сафина (9., Русија) 7:5, 6:7, 8:6.


Статијата е прочитана 207 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Фудбалски вести
Ватерполо - Добра генералка пред ЕП
Шпанија на врвот на Европа
Успешно евро-деби на Ренова
Работнички Ф. против Ротердам, Форца Волеј со руска Ленингратка
Коњички спорт - Наумовски и Димитров најуспешни на „Јунскиот турнир“
Геј го собори американскиот рекорд на 100 м.
Гимелштоб- Курникова е обична проститутка
Македонија блиску до контролка со Португалија предводена од Роналдо
Стоунер најбрз во холандски Асен
Александар Лазевски ја обнови повредата на стапалото
Шах - Митков со повисок рејтинг од Георгиев
Руска „зборнаја“ двојно поскапе
Тешка сообраќајка на ватерполистот Икодиновиќ