Брoj 2724  понеделник, 30 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Фудбалски вести

Хидинк стана „режисер“

Во знак на благодарност за успехот на ЕП, тренерот на Русија, Гус Хидинк, е награден со специјално признание на Московскиот филмски фестивал. Претседателот на овој фестивал, прославениот руски режисер Никита Михалков рече дека во секоја работа е потребен режисер, а Хидинк докажа дека е мајстор.

Наместо Хидинк, наградата ја прими потпретседателот на владата на Русија, Александар Журков, кој е вљубеник во фудбалот и редовно настапува за екипата на руските политичари.

„Доделувањето на наградата на Хидинк е мудро решение“, изјави Журков. Инаку, Хидинк ќе добие „хлопушка“ или како што ние би кажале „клапа“, односно предмет на кој на снимањето се испишуваат бројот на сцените и се дава знак за почеток. На неа се потпишаа сите важни гости на фестивалот. Доколку Хидинк влезеше во финалето можеби Михалков ќе направеше филм за Холанѓанецот со буџет вообичаен за него од најмалку 10 милиони долари. (Б.В.)

Лампард се договори со Интер

Главниот играч на Челзи, Франк Лампард, по седум години минати во овој клуб ќе заигра за Интер. Англиските и италијанските медиуми пишуваат дека работата е завршена и дека Лампард потпишал четиригодишен договор според кој се верува дека ќе заработува огромни 7,3 милиони евра по сезона, додека Челзи од зделката ќе добие 10 милиони, бидејќи англискиот репрезентативец имаше договор на само уште една година. Официјалната прес-конференција на која ќе биде претставен Лампард, а ќе седи покрај новиот тренер на Интер, Жозе Мурињо, наводно ќе се одржи в среда.

„Екип“ ги одбра петте најдобри млади фудбалери

Угледниот француски „Екип“ во традиционалниот саботен прилог „Лекип Магазин“ ги избра најдобрите пет млади фудбалери до 25 години на ЕП 2008. Петте ѕвезди се Лука Модриќ, Јури Жирков, Џорџо Киелини, Игор Акинфеев и Арда Туран, кои на ЕП го покажаа сиот свој талент.

Едуардо за само две недели со Арсенал!

Хрватскиот репрезентативец, кој заработи тешка скршеница на ногата пред пет месеци, се опоравува многу побргу од очекуваното и за само две недели ќе се приклучи на првиот тренинг на Арсенал. Едуардо одлично се чувствува и рехабилитацијата е пред крај. „Среќни сме поради него. За него е подготвен посебен програм на работа, се е испланирано до последниот детал“, изјави Приморац, еден од помошниците на Арсен Венгер.

Инаку, лекарите на Арсенал два пати го посетија Едуардо во бразилската клиника. Тој подолг период престојува во Бразил каде и ги коментираше натпреварите од ЕП за бразилската телевизија.

Фудбалерот на францускиот Тулуз, шведскиот репрезентативец Јохан Елмандер прејде во редовите на англискиот Болтон за сума од 10 милиони фунти. Официјалните лица на тимот, кој минатата сезона успеа да избори опстанок во Премиерлигата, потврдија дека договорот е потпишан на три години.

На легендарниот Турам му се откриени опасни проблеми со срцето

Францускиот ветеран Лилијан Турам не потпиша за ПСЖ, бидејќи му се откриени сериозни проблеми со срцето, истите оние кои го чинеа живот неговиот брат пред неколку години.

„Ја држам оваа прес - конференција за да ви кажам дека не потпишав со ПСЖ. Докторите ми открија проблеми со срцевиот мускул, а се чини дека тоа е истата болест што ја имаше мојот брат и поради која почина на кошаркарски терен“, изјави разочараниот Турам, кој името го создаде играјќи за Парма и Јувентус.

Матеус под истрага на УЕФА поради зајмена акредитација

Европската фудбалска федерација УЕФА ќе покрене истрага против некогашниот германски репрезентативец Лотар Матеус бидејќи акредитацијата за следење на натпреварите на ЕП во Австрија и Швајцарија му ја позајмил на некој пријател.

До вчера попладне постоеше можност Матеус за тој негов потег да биде казнет со негледање на финалето меѓу Германија и Шпанија. „Точно е дека дневната влезница му ја дадов на долгогодишен познаник Даниел од Салцбург. Тоа беше откриено и мораше да ја врати“, призна Матеус.

Влезниците за финале достигнаа цена од 4.000 евра!

Влезниците за вчерашниот финален натпревар на ЕП меѓу Германија и Шпанија достигнаа цена на црно и до 4.000 евра. Тоа се однесува за влезниците од прва категорија кои во редовна продажба чинеа 550 евра. Процентуално гледано препродавачите најмногу заработија на ефтините влезници. На пример, за оние од трета категорија кои чинеа 160 евра, бараа и добиваа чиста илјадарка.


Статијата е прочитана 472 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Ватерполо - Добра генералка пред ЕП
Шпанија на врвот на Европа
Успешно евро-деби на Ренова
Работнички Ф. против Ротердам, Форца Волеј со руска Ленингратка
Коњички спорт - Наумовски и Димитров најуспешни на „Јунскиот турнир“
Геј го собори американскиот рекорд на 100 м.
Гимелштоб- Курникова е обична проститутка
Македонија блиску до контролка со Португалија предводена од Роналдо
Стоунер најбрз во холандски Асен
Александар Лазевски ја обнови повредата на стапалото
Шах - Митков со повисок рејтинг од Георгиев
Руска „зборнаја“ двојно поскапе
Тешка сообраќајка на ватерполистот Икодиновиќ
Надал продолжува во голем стил во обид да го детронизира Федерер