Тешка сообраќајка на ватерполистот Икодиновиќ
Капитенот на српската ватерполо репрезентација Данило Дача Икодиновиќ (31) во петокот во попладневните часови доживеа тешка сообрајќајна несреќа, на автопатот Зрењанин - Нови Сад, откако возејќи мотор со голема брзина удри во еден автомобил од марка „Југо“.
По осумчасовна тешка операција во која учествуваа две екипи на врвни специјалисти во Клиничкиот центар во Нови Сад, неговата здравствена состојба е нормализирана, меѓутоа тој и натаму се наоѓа во животна опасност. Завчеравечер врз Икодиновиќ повторно беше направена уште една операција и е вратен на реанимација. |