Шах - Митков со повисок рејтинг од Георгиев
Велемајсторот Никола Митков по неколку години повторно ќе биде највисоко рангиран македонски шахист, преземајќи го приматот од Владимир Георгиев. На најновата листа на ФИДЕ што ќе биде објавена утре Митков ќе има рејтинг 2556, благодарејќи на освоените 28 поени во минатите три месеца, а на Георгиев ќе му се случи стрмоглав пад на рејтингот од 2572 на 2531 поени поради.
Митков драстично го поправи својот рејтинг со триумфите на мартовскиот Мексико опен во Агваскалиентес со 7,5 поени од 9 партии и на априлскиот отворен турнир во Ла Вега, Доминиканска Република, каде што заврши со ефект 6,5/8. Настапи и на 17. Чикаго опен кон крајот на мај, каде што ќари седум рејтинг-поени со скор 3/5, но не го заврши турнирот. (Р.Д.)
Македонска рејтинг-листа
1. (2) ВМ Н. Митков 2556+28
2. (1) ВМ В. Георгиев 2531 - 41
3. (3) ВМ Т. Недев 2525 + 7
4. (4) ВМ З. Станојоски 2514 + 8
5. (5) ИМ А. Чоловиќ 2471 - 22
6. (6) ИМ О. Данчевски 2441 + 6
7. (8) ИМ А. Кизов 2426 + 8
8. (9) ИМ Д. Стојановски 2419 + 8
9. (7) ВМ Д. Јаќимовиќ 2417 - 13
10. (10) Ф. Панчевски 2407 + 7 |