Гимелштоб: Курникова е обична проститутка
„Не ја мразам, но ја презирам. Со Курникова во Вашингтон наскоро треба да играм еден егзибициски меч. Ако не ја удрам со сета сила со топчето во стомак и не ја избркам од терен не сум направил ништо“, е шокантната изјава на членот на Управниот одбор на АТП, 31-годишниот бивш професионалец, Американецот Џастин Гимелштоб.
„Неа не сум ја тренирал, таа е обична проститутка. Не сум имал секс со неа, има одлично тело, но лицето и не и' е којзнае што“, додаде Гимелштоб, кој ги коментираше и нејзините колешки. „Французинките Головин и Корнет се вистински џек-пот за секс. Некогаш имаше многу повеќе лезбејки во тенисот, денеска ги има помалку бидејќи има многу Русинки, а тие не се баш за тој стил на живот“. |