Класниќ уапсен поради сомневање дека силувал малолетничка
„Хрватскиот фудбалер Иван Класниќ е уапсен во Англија поради сомневање дека силувал 17 годишна девојка“, пишува „Билд“. Точните околности околу наводното дело не се познати, но според соопштението играчот на Болтон, наводно, во понеделникот во пет часот изутрина добил итен повик од полицијата да дојде на разговор поради сомнежот дека силувал девојка во Манчестер.
Класниќ, како што е познато, лани дојде во Болтон како позјамен играч, а сезонава англискиот премиерлигаш го откупи целосно неговиот договор. Пред тоа играше за Сент Паули, беше првак на Германиј�� со Вердер, по што потпиша со Нант. Оттаму дојде во Англија. Во брак е со сопругата Патриција од 2003 година и има три годишна ќерка. |