Број 3418  петок, 29 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Спорт

Каратистот Арсовски се бори за мундијалска бронза

Само еден македонски репрезентативец во игра за медал по првиот ден на СП во Белград

Од нашиот известувач
Сашко Ѓ. Димовски

БЕЛГРАД - Жарко Арсовски е единствениот македонски репрезентативец што остана во игра за медал по првиот натпреварувачки ден на 20. Светско првенство во карате што се одржува во Белград. Во петте борби Арсовски забележа четири победи и еден пораз и обезбеди учество во мечевите за распределба на трофеите во категоријата над 84 килограми. Тој имаше победнички старт на мундијалот на кој учествуваат околу 1.000 натпреварувачи ��д 88 земји. Започна со 4:3 против Јужнокореецот Ким, по што следуваше минимална победа од 1:0 над Канаѓанецот Коста Соуса. Беше запрен во третиот настап од Египќанецот Мохамед. По триминутниот регуларен дел немаше победник (1:1), идентично како и по дополнителната минута продолжение, па со судиско изјаснување победата му припадна на Мохамед. Среќна околност е пласманот на Мохамед во финалето, со што на Арсовски му се отвори можност да се бори во репасаж, каде што прво убедливо триумфира над противник од Аргентина со 5:0, а подоцна и против репрезентативец од Италија со 4:0 (едногласна одлука на судискиот колегиум).

По двата дена одмор Арсовски в сабота го очекува пресметка со противник од Русија и со евентуална победа ќе и' го донесе на Македонија првиот медал од светските шампионати. Најдобар пласман на македонските каратисти на СП е тој на неговиот брат Сашо од Мексико 2004.

„Пред доаѓањето во Белград кажав дека имаме двајца фаворити од кои очекуваме да направат нешто повеќе во првиот ден. Тоа се Жарко Арсовски и Огнен Груевски. Жарко, на наше задоволство, успеа и сега ќе го очекува дуел за бронзениот медал“, изјави Бошко Заборски, селектор на македонскиот национален тим во борби.

Останатите наши претставници доживеаја експресни елиминации. Огнен Груевски загуби од Мексиканецот Моралес со 5:0 во борби во категоријата до 84 кг, а Сашко Патраклиев беше поразен од каратист од Велика Британија со 1:0 во првото коло во борби во категоријата до 75 кг.

Во женска конкуренција во борби се појавија две македонски репрезентативки и обете минаа како нивните машки колеги Груевски и Патраклиев. Дренуше Мерко се збогува со СП во Белград по поразот од Салинас од Мексико со 2:0 во првото коло во борби во категоријата над 68 кг, а Моника Стефановска загуби од репрезентативка на Швајцарија со 2:1 на стартот од борбите во категоријата до 68 кг.

Македонија имаше и двајца претставници во кати: Марко Секулоски во првото коло славеше над Аџафер од Алжир со 4:1, но во следниот настап загуби од Ибрахим од Египет со 5:0, а Тамара Рибарска е елиминирана од Австријката Тајер со 4:1.



МакедониJа со уште

дваJца светски судии



Македонското карате доби уште двајца судии со светска значка пред официјалниот старт на борбите на 20. Светско првенство во Белград. Тоа се Ивана Аврамова и Боби Војдиновски, кои непосредно пред шампионатот го положија испитот, се стекнаа со судиски Б-лиценци и му се придружија на досега единствениот наш судија со светска значка, Златко Димоски.


#
Статијата е прочитана 326 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Ракометарите рутински со Естонија
Мечот Тетекс - Шкендија одложен
Во Романија и без Бајрамоска и Е. Ѓорѓиевска
Класниќ уапсен поради сомневање дека силувал малолетничка
Томас Мустер во борба со годините
Бенедик и К. Манев осминафиналисти на СП
Сензација, Олимпијакос загуби од германскиот Брос баскет!
Фени го „стопи“ Рилски спортист
Стосур ја приземји Вознијацки
Вејд и Џејмс ја растурија Филаделфија!
Ново полуфинале за Јотовски во дубл






Election campaign kicks off in Moldova
Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries