Број 3418  петок, 29 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Спорт

Ракометарите рутински со Естонија

Победа од 30:25 на стартот од квалификациите за ЕП во Србија

Роберт Димитриевски

Без поголем напор, најдобрите македонски ракометари ги прокнижија првите бодови во квалификациите за Европското првенство 2012 во Србија, совладувајќи ја на стартот Естонија со 30:25. Иако мораа да слават против аутсајдерот во првата група, впечаток е дека избраниците на новиот селектор Звонко Шундовски со мислите уште пред средбата беа насочени кон натпреварот со Босна и Херцеговина в недела во Сараево. Босанците синоќа требаше да и' гостуваат на Унгарија во Сомбатељ, па врз основа на снимката од тој меч ќе се кова тактиката за првиот дуел со директниот конкурент за едно првите две места во групата што водат на ЕП.

Прашањето на победникот во СРЦ „Кале“ беше решено уште во 13 минута, кога Македонија водеше со 8:2, па естонскиот селектор Калмер Мустинг беше принуден да побара тајм-аут. Од него немаше некое големо фајде, бидејќи разликата од шест гола остана до крајот на првото полувреме, кога на семафорот стоеше 16:10. Во средината на вториот дел разликата порасна на максимални девет гола во овој меч (24:15), по што Шундовски полека ја пресели првата седморка на клупата и им даде шанса на играчите од втор план. Тоа се одрази и на резултатот, предноста почна да се топи и на нешто повеќе од две минути до последниот звук на сирената Естонците намалија на 28:24, што беше сигнал за македонскиот табор да побара минута одмор. По неа победата ја запечатија Лазар Мајнов и Филип Лазаров.

Додека играше со најсилниот состав, Македонија одигра солидно во одбраната и креативно во нападот. Преку пикерите и со често уфрлање на втор кружен напаѓач, како и со брзи противнапади, лесно се наоѓаше патот до естонската мрежа, на задоволство на публиката, која беше сведок на низа атрактивно завршени акции.

Колку играта од првите две третини од средбата е вистински одраз на моментниот потенцијал на националниот тим, сепак, ќе покаже гостувањето во салата „Мирза Делибашиќ“ во рамките на спортскиот центар „Скендерија“. Извлечат ли жива глава од „босанскиот лонец“, македонските репрезентативци со неспоредливо поголема самодоверба ќе го очекуваат март и двомечот со првиот фаворит Унгарија.

Македонија - Естонија 30:25



Полувреме: 16:10. Сала: СРЦ „Кале“ во Скопје. Гледачи: 1.500. Судии: Карлубик и Струхар од Словачка. Седмерци: Македонија 2/5, Естонија 1/2. Исклучувања: Македонија 12 мин., Естонија 10 мин. Загубени топки: Македонија 16, Естонија 12.

Македонија: Митревски (2), Ристовски (14+1), М. Стоилов 2 (2/3), Мајнов 1 (1/2), С. Стоилов 3 (3/3), Алушовски 3 (3/4), К. Лазаров 7 (5/6, 2/3), Темелков 3 (3/3, 0/1), Миркуловски 2 (2/6), В. Маркоски 2 (2/3), Н. Маркоски, Н. Мојсоски 2 (2/6), Димовски 2 (2/2), Ф. Лазаров 1 (1/1), З. Мојсоски 2 (2/2, 0/1), Арнаудовски (0/1). Селектор: Звонко Шундовски.

Естонија: Варуск (1+3), Алексеев (5), Пинонен 7 (7/10), Р. Леп 4 (4/7), Муга 1 (1/2), М. Леп 1 (1/2), Јанима 2 (2/10), Лива 1 (1/3), Патраил 4 (3/13, 1/2), Кауге 2 (2/3), Јохансон 2 (2/4), Педома (0/1), Нодла 1 (1/2), С. Леп (0/1), Јарве. Селектор: Калмер Мустинг.



ШУНДОВСКИ: СЕ ЧУВАВМЕ ЗА БИХ



Звонко Шундовски: „Калкулиравме, чувајќи ги силите за натпреварот со Босна и Херцеговина. Криевме и некои комбинации и тактички замисли за тој меч. Овој дуел, пак, покажа дека имаме сила, знаење и квалитет за пласман на ЕП“.

Борко Ристовски: „Одигравме колку што треба. Не сакавме да се трошиме ни физички ни ментално, размислувајќи за БиХ. Ако запневме, победата ќе беше поубедлив, иако Естонија не е толку слаба селекција“.



ГЕРМАНИЈА СЕ СПАСИ СО АВСТРИЈА



Најефикасниот во германскиот тим Адријан Пфал со својот осми гол во последната минута спречи сензационален пораз од Австрија во Гепинген. Натпреварот заврши 26:26, што беше единствениот нерешен резултат во текот на мечот, во кој на полувреме гостите водеа со 14:8!

Резултати, прва група: Македонија - Естонија 30:25. Втора група: Шпанија - Литванија 33:17. Трета група: Словенија - Португалија 34:31. Четврта група: Словачка - Израел 38:24. Петта група: Германија - Австрија 26:26, Исланд - Летонија 28:26. Шеста група: Норвешка - Холандија 35:30, Чешка - Грција 32:20. Седма група: Русија - Швајцарија 36:34, Данска - Белорусија 41:33.


#
Статијата е прочитана 417 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Каратистот Арсовски се бори за мундијалска бронза
Мечот Тетекс - Шкендија одложен
Во Романија и без Бајрамоска и Е. Ѓорѓиевска
Класниќ уапсен поради сомневање дека силувал малолетничка
Томас Мустер во борба со годините
Бенедик и К. Манев осминафиналисти на СП
Сензација, Олимпијакос загуби од германскиот Брос баскет!
Фени го „стопи“ Рилски спортист
Стосур ја приземји Вознијацки
Вејд и Џејмс ја растурија Филаделфија!
Ново полуфинале за Јотовски во дубл






Election campaign kicks off in Moldova
Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries