Број 3418  петок, 29 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Спорт

Вејд и Џејмс ја растурија Филаделфија!

По стартниот пораз една вечер порано од актуелниот вицешампион Бостон, ѕвездите на тимот од Флорида успеаја да се вратат и мини-турнејата низ источниот брег, сепак, да ја заклучат со победа.

Главна улога во славењето на „Пороците од Мајами“ ја немаше новиот шеф Леброн Џејмс, туку оној што беше клуч на успесите во минатите сезони, Двејн Вејд, кој го предводеше својот тим со 30 поени и седум скока. Леброн Џејмс запиша 16 коша и седум асистенции, но и девет загубени топки, додека третата ѕвезда Крис Бош додаде 15 поени. Сепак, втор стрелец на Мајами на овој мече беше играчот од клупата, Џејмс Џонс со 20 поени.

Кливленд го одигра првиот натпревар без Леброн Џе��мс по седум години и веднаш стигна до изненадувачка победа. Кавалирси славеа со 95:87 против Бостон, со што беше брзо приземјен по стартното полетување против Мајами. Селтикси водеа со 11 поени предност во третата четвртина, но не знаеја да ја зачуваат. Домашните ги предводеа Хиксон со 21 кош и Даниел Гибсон со 16.

И Торонто првпат по седум години заигра без Крис Бош, но за разлика од Кливленд, Репторси паднаа во својата сала. Со 98:93 беа поразени од Њујорк предводен од Вилсон Чендлер (22 коша и осум скока) и засилувањето од Феникс Амар Стадемаер (19 коша и десет скока).

Прво име на втората НБА-вечер беше Монти Елис, кој со 46 поени го израмни својот рекорд на кариерата и го одведе Голден Стејт до победа против Хјустон со 131:128.

Резултати:



Кливленд - Бостон 95:87, Њу Џерси - Детроит 101:98, Филаделфија - Мајами 87:97, Торонто - Њујорк 93:98, Њу Орлеанс - Милвоки 95:91, Минесота - Сакраменто 116:117, Оклахома - Чикаго 106:95, Мемфис - Атланта 101:109, Далас - Шарлот 101:86, Сан Антонио - Индијана 122:109, Денвер - Јута 110:88, Голден Стејт - Хјустон 132:128, ЛА Клиперс - Портланд 88:98.


#
Статијата е прочитана 396 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Ракометарите рутински со Естонија
Каратистот Арсовски се бори за мундијалска бронза
Мечот Тетекс - Шкендија одложен
Во Романија и без Бајрамоска и Е. Ѓорѓиевска
Класниќ уапсен поради сомневање дека силувал малолетничка
Томас Мустер во борба со годините
Бенедик и К. Манев осминафиналисти на СП
Сензација, Олимпијакос загуби од германскиот Брос баскет!
Фени го „стопи“ Рилски спортист
Стосур ја приземји Вознијацки
Ново полуфинале за Јотовски во дубл






Election campaign kicks off in Moldova
Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries