Ново полуфинале за Јотовски во дубл
И на вториот фјучерс едноподруго во Сантјаго де Чиле (земја, 10.000 долари), македонскиот тенисер Томислав Јотовски се пласира во полуфиналето во двојки. Тој и Гонкало Переира од Португалија во второто коло славеа со 6-3, 6-4 против Франсиско Карбахал од Перу и Николас Кикер од Аргентина. Во синоќешното полуфинале требаше да играат со третите носители Гилјермо Ривера-Арангуиз и Кристобал Саведра-Корвалан, обајцата од Чиле.
Јотовски годинава има и едно финале во дубл заедно со Србинот Милјан Зекиќ. (Р.Д.) |