Број 3418  петок, 29 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Спорт

Бенедик и К. Манев осминафиналисти на СП

Од четворицата куглари од Македонија што настапуваат на Светското првенство во поединечна конкуренција што се одржува во австрискиот град Рицинг, двајца се пласираа во осминафиналето. Тоа се Костадин Манев, кој го победи романскиот репрезентативец Крачун со 3:1 и светскиот првак од Брашов, Борис Бенедик, кој успеа за влакно да ја мине и втората рунда, совладувајќи го Србинот Јован Чалиќ. И овој пат, како и во мечот од првото коло, средбата заврши без победник 2:2, но Бенедик се пласира во третата рунда поради подобриот биланс на соборени дрва.

Третиот наш претставник што настапи во второто коло јуниорскиот светски првак Бранко Манев не успеа да ја мине оваа пречка, бидејќи налета на светскиот рекордер Вилмош Заварко од Србија и под влијание на големиот противник фрлаше мошне слабо и на крај изгуби дури со 4:0. Претходно, во првото коло беше елиминиран Урош Стоклас.

Во четвртото коло Костадин Манев ќе настапи против Словакот Иван Чех, кој, исто така, досега покажа одлична форма, а Борис Бенедик за противник ќе го има Австриецот Хубер и има големи шанси да го совлада и да се најде меѓу осумте најдобри во светот.

Натпреварите продолжуваат во дисциплината тандем, каде што боите на Македонија ќе ги бранат Дамир Фучкар и Данче Гиевска. (М.М.)


#
Статијата е прочитана 268 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Ракометарите рутински со Естонија
Каратистот Арсовски се бори за мундијалска бронза
Мечот Тетекс - Шкендија одложен
Во Романија и без Бајрамоска и Е. Ѓорѓиевска
Класниќ уапсен поради сомневање дека силувал малолетничка
Томас Мустер во борба со годините
Сензација, Олимпијакос загуби од германскиот Брос баскет!
Фени го „стопи“ Рилски спортист
Стосур ја приземји Вознијацки
Вејд и Џејмс ја растурија Филаделфија!
Ново полуфинале за Јотовски во дубл






Election campaign kicks off in Moldova
Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries