Фени го „стопи“ Рилски спортист
Кошаркарите на Фени индустри на најдобар начин се рехабилитираа за стартниот пораз од Морнар во Кавадарци со голема победа од 86:76 над бранителот на трофејот во БИБЛ-лигата, Рилски спортист од Бугарија, и тоа на неговиот терен во Самоков. Клучна за триумфот на македонскиот шампион се покажа втората четвртина, која ја доби со 31:10. Другите три му припаднаа на домаќинот со 23:22 (првата), 23:16 (третата) и 20:17 (четвртата).
Најголемото водство од 23 поени Фени го достигна при крајот на првото полувреме, а најмногу што се доближи Рилски беше намалувањето на 72:65. Диме Тасовски не дозволи пресврт во последните две минути, кога прво со тројка, а потоа и со два поена ја запечати ��обедата на кавадарчани.
Токму Тасовски беше најдобриот играч на средбата што ја проследија 1.500 гледачи, постигнувајќи 20 поени и девет скока. Самарџиев беше стрелец на 11 коша, а Кнежевиќ и Михајловски додадоа по десет.
Во поразениот тим на македонскиот тренер Александар Тодоров се издвои Иван Лилов со 22 поена, седум скока и шест асистенции, а Мароевиќ впиша 18 поени. Димитар Караџовски, пак, беше стрелец на осум коша. (Р.Д.) |