Број 3418  петок, 29 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Спорт

Мечот Тетекс - Шкендија одложен

По барање на МВР, комесарот за натпревари на ФФМ, Миле Спиркоски го одложи утрешното тетовско дерби

Миодраг Мицковиќ

Утрешното тетовско дерби во Првата лига меѓу Тетекс и Шкендија е одложено по барање на Министерството за внатрешни работи, кое има извесни сознанија дека се подготвува инцидент на мечот меѓу навивачките групи на Тетекс („Војводи“) и на Шкендија („Балисти“). Комесарот за натпревари на ФФМ, Миле Спиркоски, го прифати предлогот на МВР и го одложи мечот. Кога ќе се одигра, ќе биде дополнително одредено.

Останатите средби од 12 коло ќе се одиграат утре, со исклучок меѓу Работнички и Скопје кое ќе се одигра во недела поради директен ТВ-пренос. Мечевите почнуваат во 14 часот.

На вчерашната прес-конференција во ФФМ со генералниот секретар Игор Климпер, новинарите беа запознати со суспензијата на фудбалерот на Скопје, Сали Џунејд, кај кого е утврдено користење на недозволени стимулативни средства на средбата од деветтото коло одиграно на 2 октомври меѓу Шкендија и Скопје (1:0). На тој натпревар била извршена допинг контрола на по двајца случајни избрани фудбалери на Шкендија и Скопје. Од УЕФА ФФМ доби известување за таа извршена допинг контрола која беше утврдено дека кај играчот на Скопје Сали Џунејд тестот бил позитивен со знаци на користење на недозволени стимулативни средства. Џунејд е суспендиран, не ќе може да игра за Скопје се' до одлука на Дисциплинската комисија. Тој е повикан да даде изјава на 3 ноември пред членовите на Комисијата. Инаку, како што не' известија во ФФМ во текот на една година се прават допинг контроли на околу 25 натпревари. Ова е трет случај на позитивен и суспензија на некој фудбалер во Македонија. Првиот што беше суспендиран тоа е фудбалерот на Победа, Благоја Ѓорѓиески кој не сакаше да даде урина за допинг тест и голманот на Работнички Јорде Георгиевски, кај кого исто така беше утврдено дека користел недозволиви средства, така што и тој беше суспендиран и подоцна казнет.


#
Статијата е прочитана 377 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Ракометарите рутински со Естонија
Каратистот Арсовски се бори за мундијалска бронза
Во Романија и без Бајрамоска и Е. Ѓорѓиевска
Класниќ уапсен поради сомневање дека силувал малолетничка
Томас Мустер во борба со годините
Бенедик и К. Манев осминафиналисти на СП
Сензација, Олимпијакос загуби од германскиот Брос баскет!
Фени го „стопи“ Рилски спортист
Стосур ја приземји Вознијацки
Вејд и Џејмс ја растурија Филаделфија!
Ново полуфинале за Јотовски во дубл






Election campaign kicks off in Moldova
Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries