Стосур ја приземји Вознијацки
Данката Каролина Вознијацки, прва тенисерка на светот, е приземјена во 2. коло од Б-групата на ВТА - Сони Ериксон шампионатот во Доха. Австралијката Саманта Стосур славеше со 6:4 и 6:3 со што се промовира во прва фаворитка во оваа група. Да потсетиме, во 1. коло Вознијацки ја победи Дементиева, а Стосур Италијанката Скијавоне. И премногу скапо ја чинеа Данката четирите пропуштени брејк-можности во првиот сет. Од друга страна, Стосур ја искористи својата единствена и го доби првиот сет со 6:4. Потоа од спротивната страна имаше нервозна соперничка, а со тоа патот до победата за Стосур беше олеснет.
Сепак, при 5:3 во вториот сет, Вознијацки имаше уште една брејк-шанса за вра��ање во мечот. Но, не беше концентрирана и на крајот мораше да го запише поразот.
На турнирот стартуваше и победничката на УС-опен, Белгијката Ким Клајстерс. Таа многу лесно ја совлада српската тенисерка Јелена Јанковиќ со 6:2 и 6:3. |