Шалке падна во Хановер, Штутгарт го расплака Берлин
Фудбалерите на Шалке врзаа и втор пораз во Бундес откако во фантастичен меч Хановер славеше со 4:2
Хановер, по големата победа над Шалке, ги задржа шансите за опстанок, а против релативно посакуваниот гостин поведе со 2:0 по првите 30 минути. Шалке возврати во првите пет минути од продолжението преку Еду и Ракитиќ (пенал). Сепак, Хановер стигна до водство во 80 минута со фантастичниот гол на Балиќ од 16 метри, а во судиското продолжение Конан го постави конечниот резултат - 4:2.
Зад Хановер, поточно на местата кои водат во бараж останаа Фрајбург и Херта. Фрајбург очекувано се удави во Бремен - 0:4, додека Херта загуби од Штутгарт во Берлин со 1:0, само втор пат во последните 60 години.
Покрај Шалке од тимовите на врвот се лизна и Борусија од Дортмунд која по пет меча без пораз загуби од Мајнц со 1:0. Дортмунд остана на четвртото место на табелата и има два бода помалку од Леверкузен кој ремизираше во дербито против Баерн - 1.1.
Што се однесува до Мајнц, тие математички го обезбедија опстанокот, а фактот што од вкупно 41 бод 31 освоија дома, зборува како гостите минувале на стадионот „Брихвег“. Опстанокот практично го обезбеди и Келн, кој славеше во Хофенхајм со 2:0, со двата гола на Адам Матушик.
Хановер - Шалке 4:2, Херта - Штутгарт 0:1, Мајнц - Борусија 1:0, Вердер - Фрајбург 4:0, Хофенхајм - Келн 0:2, Леверкузен - Баерн 1:1. Вчера играа: Бохум - Хамбургер и Нирнберг - Волфзбург, а во петокот Мехемгладбах - Ајнтрахт 2:0.
Табела: Баерн 60, Шалке 58, Леверкузен 54, Борусија 52, Вердер 51, Штутгарт 47, Хамбургер 45 (-1), Ајнтрахт 44, Волфзбург 43(-1), Мајнц 41, Мехенгладбах 37, Хофенхајм 34, Келн 34, Нирнберг 28 (-1), Бохум 28 (-1), Хановер 27, Фрајбург 25, Херта 22. |