Број 3255  понеделник, 12 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Челзи прв финалист во ФА купот

Фудбалерите на Челзи се пласираа во финалето на ФА купот победувајќи ја Астон Вила на „Вембли“ со 3:0. Целата приказна на славниот стадион веројатно ќе имаше поинаков тек ако на самиот почеток на натпреварот судијата Хауард Веб имаше храброст да свири пенал за Астон Вила откако Микел го фаулираше Агбонлахор. Свирчето не се слушна, свирежите од трибините и протестите на играчите на Вила да, но промена немаше.

Челзи по многу маки поведе во 76. минута преку Дрогба, зголеми Малуда во 89, а конечниот резултат го постави Лампард во 90. минута. Во втората полуфинална двојка вчера играа Тотенхем и Портсмут.



ЛИВЕРПУЛ СЕ ПРОДАВА ЗА

600 МИЛИОНИ ФУНТИ
Секој што има 600 милиони фунти, а сака да купи еден фудбалски великан, тоа може да го направи со Ливерпул, тврди англискиот „Сандеј мирор“.

Весникот наведува дека американските милионери Џорџ Џилет и Том Хикс решиле да побараа нов купец што би претставувало триумф на навивачите на клубот од „Енфилд“, кои долго време се борат против актуелните сопственици.

Американците прво понудија помал дел од капиталот на клубот, кој изнесува 100 милиони фунти, не не успеаја да пронајдат купец. Поради тоа што клубот е во долгови од 237 милиони фунти, тие направија неочекуван чекор во надеж дека сопственичката структура ќе се промени до првиот ден од летото, кога истекува рокот за измирување на долгот. Џилет и Хикс во 2007 година го купија Ливерпул од Дејвид Мурс за 219 милиони фунти.

ВБА СЕ ВРАЌА ВО ПРЕМИЕР



Единаесет месеци по испаѓањето од елитниот ранг, фудбалерите на Вест Бромвич Албион го обезбедија враќањето во Премиер. Тие во саботата го совладаа Донкастер како гости со 3:2 и на три кола пред крајот на натпреварувањата во Чемпионшип побегнаа пред третопласираниот Нотингем форест на недостижни 11 бода.



ПОБЕДАТА НА ВЕСТ ХЕМ ГО

ЕЛИМИНИРА ПОРТСМУТ ОД ПРЕМИЕР



Во првите мечеви од 34. коло на англискиот шампионат важни победи во борбата за опстанок остварија Барнли над Хал од 4:1 и Вест хем над Сандерленд со 1:0. Триумфот на „чеканите“ го официјализира и испаѓањето на Портсмут од Премиер.

Премиер, 34. коло:



Хал - Барнли 1:4, Вест Хем - Сандерленд 1:0

Табела: Челзи 74, Манчестер Ј. 72, Арсенал 71, Манчестер С. 59, Тотенхем 58...

ВАН БАСТЕН: ФЕРГУСОН СЕ КОЦКА СО КАРИЕРАТА НА РУНИ



Легендата на холандскиот фудбал Марко ван Бастен уште не може да поверува дека менаџерот на Манчестер јунајтед, Алекс Фергусон, реши во реваншот во ЛШ против Баерн да го уфрли во игра недоволно заздравениот Вејн Руни. Руни пред средбата на Фергусон му рекол дека е подготвен, иако лекарите изјавија дека му се потребни најмалку три недели за целосна рехабилитација и сега се соочува со многу потешки последици затоа што коленото повторно му е во лоша состојба.

„Кога го видов Руни како криви, се молев што побрзо да биде заменет. И натаму не можам да поверувам дека Фергусон, кого исклучително го ценам, уште го држи во игра. Знам како му е на Руни затоа што и самиот минував низ иста ноќна мора. Доколку коленото ти е оштетено, стартот на противничкиот играч може многу да ја влоши состојбата, затоа што болката постојано ќе те следи. Се виде на Руни дека не може да трча и затоа мораше да биде надвор од играта“, рече Ван Бастен.


#
Статијата е прочитана 291 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Савевски за група со Норвешка
Минимална, но голема победа за Металург
Реал на колена, Барселона на врвот
Второто место на Западот поблиску за Далас, подалеку за Денвер
Шалке падна во Хановер, Штутгарт го расплака Берлин
Холифилд повторно светски шампион
Дејвид Бекам и деветте најмалерозни ѕвезди
Интер со половичен плен и во Фиренца
За Ериксон месечна плата од 305 илјади евра
Исинбаева ќе паузира на неодредено време
Јотовски за малку не успеа во Адана
Твенте гази кон титулата во Холандија
„Бродолом“ на јуниорите во Порто
Неславен настап на надежите во Романија