„Бродолом“ на јуниорите во Порто
Јуниорската ватерполо репрезентација на Македонија со катастрофални резултати се враќа од квалификацискиот турнир во Порто за Европското првенство во Германија, забележувајќи една победа и четири убедливи порази. Совладан е само тоталниот аутсајдер Ирска со 11:6, по четвртини 5:0, 3:1, 0:3, 3:2, во третото коло од групата Ц. Претходно македонските надежи загубија од Молдавија со 10:7 (2:1, 3:2, 2:3, 3:1) и од домаќинот Португалија со 16:8 (5:1, 2:2, 3:2, 6:3), а во завршницата од турнирот и од фаворитите Словенија со 14:5 (1:1, 5:1, 5:2, 3:1) и Турција со 19:4 (5:0, 6:0, 4:0, 4:4). Токму Турците и Словенците се пласираа на ЕП што ќе се одржи летово во германскиот град Штутгарт. (Р.Д.) |