Дејвид Бекам и деветте најмалерозни ѕвезди
Десетмина големи фудбалери, кои поради повреда, во последен час пропуштија настап на мундијал
1. Дејвид Бакам (Англија 2010) - Повредата на Ахиловата тетива пред десет дена беше знак дека најискусниот англиски репрезентативец ќе остане на „само“ три СП во своето резиме, а не треба да се заборави дека и на претходните два турнира го следеа многу малери. За време на 2002 година играше незаздравен поради проблемите со метатарзалните коски, додека во 2006 година го скрши вториот метатарзал поради што честата повреда меѓу фудабелерите на Островото доби краток прекар „Бекамова коска“.
2. Даниел Пасарела (Аргентина, 1986) - Легендарниот капитен на Аргентина и сопственик на титулата од 1978 година, мистериозно ја прескокна шоу-програмата на Диего Марадона четири години подоцна, а тренинг-кампот во Мексико го напушти кога на Марадона му ја предаде капитенската лента. Во меѓувреме се шушкаше дека заработил вирус поради кој загуби неколку килограми.
3. Ромарио (Бразил, 1998) - Феноменалните партии за време на СП во 1994 година, како и експлозијата на Роналдо на големата сцена направија пред турнирот во 1998 година во Франција сите да зборуваат за напаѓачкиот тандем Ромарио - Роналдо. На многумина желбата не им се исполни затоа што тогашниот селектор Марио Загало непосредно пред СП соопшти дека Ромарио останува дома поради повреда на мускулот. Бразил загуби во финалето со убедливи 3:0 од домаќинот Франција.
4. Алфредо Ди Стефано (Шпанија, 1962) - Според многумина најдобриот фудбалер на Реал на сите времиња ја имаше таа чест да избира меѓу три земји за која би можел да игра на СП. Најголемата шанса ја пропушти во 1962 година кога се водеше како Шпанец. Откако им помогна на европските шампиони да ги минат квалификациите Ди Стефано за време на подготовките го повреди мускулот и до крајот на кариерата не се појави на ниту еден мундијал.
5. Роберто Бетега (Италија, 1982) - Можеби Италија нема да беше светски првак ако легендарниот напаѓач на Јувентус Роберто Бетега не заработеше повреда на лигаментите поради која го пропушти турнирот во Шпанија. Спектакуларното провлекување низ групната фаза, а подоцна и триумф на турнирот мина во знакот на неговиот колега Паоло Роси, кој во Шпанија стигна како негова замена.
6. Марко ван Бастен (Холандија, 1994) - Можеби и најдобриот напаѓач од крајот на осумдесеттите години на минатиот век не играше фудбал една година пред последен пат да даде се' од себе Јохан Кројф да го запише на списокот на патници за СП во САД. Бројните операции на коленото поради кои не играше од финалето на ЛШ 1993 година го натераа да изјави дека враќањето е блиску, но не само што не играше во САД, туку една година подоцна мораше да ја заврши кариерата.
7. Рене Блиар (Франција, 1958) - Како и во случајот со Италијанците во 1982 година и легендарниот Жист Фонтен можеби никогаш немаше да стигне до фамозните 13 гола на турнирот во Шведска поради повредата на неговиот клупски колега Рене Блаир, кој за време на тренингот го повреди зглобот.
8. Кени Далглиш (Шкотска, 1986) - најголемиот фудбалер во историјата на Ливерпул и во 35 година од животот беше далеку најдобар фудбалер на „сукњичките“, но поради повреда на лигаментите на само неколку дена пред почетокот на турнирот му телефонираше на Алекс Фергусон и му ја соопшти тажната вест. Нивниот однос од тогаш е на „мраз“, а иако се тврди дека „Кинг Кени“ му бил лут на Ферги што во репрезентацијата не го повикал клупскиот колега Алан Хансен, Далглиш во повеќе наврати повторуваше дека не бил доволно подготвен.
9. Емерсон (Бразил, 2002) - Емерсон во селекцијата на Бразил влета во 1998 година на местото на веќе споменатиот Ромарио, а четири години подоцна беше капитен на тимот. Се' до фамозниот тренинг кога изигрувајќи голман го дислоцираше рамото и на крајот на ТВ гледаше како пехарот за титулата светски првак го крева легендарниот Кафу.
10. Сантијаго Кањизарес (Шпанија, 2002) - Уште побизарна повреда од Емерсон заработи голманот на Шпанија Сантијаго Кањизарес кој во склад со професијата се обиде во када да го сопре парфемот кој падна од полицата. Шишенцето беше претешко па тогашниот голман на Валенсија го повреди стапалото и му овозможи на тинејџерот Икер Касилјас до денес да остане прв избор на голот на „црвената фурија“. |