Неславен настап на надежите во Романија
Ракометната селекција на Македонија составена од играчи на возраст до 20 години забележа едно реми и два катастрофални пораза на турнирот во романскиот град Сигишоара. Избраниците на селекторот Зоран Петковски, кои претстојниот викенд ги очекува квалификацискиот турнир во Рејкјавик за Европското првенство, ремизираа 27:27 (15:16) со вториот тим на Романија. Против првиот состав на домаќинот, пак, загубија со 44:22 (21:10), а со идентичен конечен резултат беа декласирани и од Русија, која полувремето го доби со 24:11. Русите и го освоија првото место по победата над А-тимот на Романците од 37:26.
Македонските јуниори во квалификациите на Исланд стартуваат в петок против Србија, в сабота ќе играат со домаќинот на втората група, а в недела ќе го завршат настапот против Црна Гора. (Р.Д.) |