Брoj 2763  петок, 15 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter

Владиниот прием за Рамковниот без државниот врв


Во преполната сала, во која буквално не се дишеше бидејќи не функционираше климатизацијата, доминараа членови и симпатизери на ДУИ

Државни функционери имаше многу малку на приемот што го организираше Владата, Ахмети презадоволен

Целиот државен врв завчера вечерта отсуствуваше од коктелот во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје што се одржа под повод седумгодишнината од потпишувањето на Рамковниот документ, а под покровителство на Владата. Ахмети, кој во салата ги пречекуваше гостите, не го криеше задоволството што годинава се случи пресврт, па наместо ДУИ, прославата ја организираше владиниот Секретаријат за спроведување на Рамковниот документ. Тоа што свеченоста ја игнорираа највисоките државни функционери - претседателот Бранко Црвенковски, претседателот на Собранието Трајко Велјановски и премиерот Никола Груевски, не ја помати славеничката атмосфера.

Во преполната сала (во која буквално не се дишеше бидејќи не функционираше климатизацијата) доминараа членови и симпатизери на ДУИ. Од Владата беше присутен само министерот за финансии Трајко Славески, а од Кабинетот на шефот на државата чест направи Зоран Иванов, советник за односи со јавноста. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ беше претставена со неколкумина неекспонирани пратеници и со градоначалниците на Гази Баба и на Бутел, Коце Трајановски и Петре Латиновски. И СДСМ имаше скромно присуство на приемот, таму беа само пратеничката Славица Грковска - Лошкова и организацискиот секретар Александар Чаботарев. На прославата дојдоа неколкумина претставници на дипломатскиот кор во земјата.

„Многу голем и важен чекор е што за првпат одбележувањето на Охридскиот договор го организира Владата“, изјави Ахмети за новинарите зборувајќи на македонски јазик, кој не сакаше да го коментира отсуството на премиерот Груевски. „Најголема придобивка од Рамковниот договор е тоа што сите граѓани ја чувствуваат Македонија како своја држава и сите се лојални. Ова е голема победа и за Македонците, кога Албанците се лојални на државата“, рече Ахмети. Тој додаде дека е добро што СДСМ се вратила во Собранието и изрази надеж дека истото ќе го стори и ДПА по завршувањето на одморите.

Вицепремиерот за спроведување на Охридскиот договор, Абдулаким Адеми, на присутните им ја честиташе седумгодишнината од потпишувањето на Документот.„Охридскиот договор е заедничка вредност за сите граѓани на Македонија и служи како мост што ги обединува сите етнички заедници и ја засилува довербата на граѓаните во институциите на државата. Ова е една успешна сторија за земјава и модел за решавање на меѓуетничките конфликти“, рече Адеми. (О.В.)


Статијата е прочитана 557 пати.

Испрати коментар

Од: OF LELE
Датум: 15.08.2008 03:30:01
Eve uste eden praznik vo kalendarot za ilirida., a mozebi i za cela makedonija
Од: Кичево
Датум: 15.08.2008 08:32:06
Алија знае Македонски да зборува,но не добро,па поради тоа и не се служу,тоа да не се земе како негирање на јазикот...инаку се знае учеше во Гимназијата М.Милески .Истиот изјави дека прославата е нормално од Владата организирана,сигурно тоа ке биде и ден кои ке се земе како државен празник...но тоа е што е....Инаку мислам дека не треба да се биде дволичен па поради тоа и неприсуството на политичкиот врв....Малу нека се позанимава и Алија има полно албанци и кои не живеат убаво...живеат само оние што се блиску до партиите на власт,а време е и да се погрижи и Алија за превземање на конкретни чекори за економијата во МК,не само да ги лаже албанците со јазикот и др....инаку и на албанците им е потребно да бидат во ЕУ и НАТО......поработете доста е со политики сит е народот од политика,му треба европска интеграција....Позз.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Стандардот прегазен од цените
Зденко
Горештините нема да попуштат
Црвенковски испука политички рафал кон Груевски
Претходен број
Рајс- Името не смее да биде пречка за НАТО
Украдени над 40.000 евра од експозитура на Комерцијална банка
Нимиц- прво треба да се реши името
Да живее скандалот!
Бесплатни учебници само за деца на социјално загрозени семејства
Голем град во Преспанското Езеро отворен за туристички посети
Каматите на кредитите почнуваат да растат
Блејк го урна олимпискиот сон на Федерер
Секоја генерација има и свој пораз
Ќе биде тешко да се најдат концесионери за автопатите
Борачот Ара Абрхамјан го фрли медалот!
Уредените плажи летово се хит на охридската ривиера
Рибари на човечките души
Членството на Македонија во НАТО е одговор за Грузија
Победите и поразите на олимписките борилишта
Verbatim

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.