Брoj 2763  петок, 15 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter

Горештините нема да попуштат

Во Македонија топлото време ќе се задржи и денеска, а живата во термометрите до четириесеттиот Целзиусов степен ќе се искачи во југоисточните подрачја. Влажна маса од северозапад во текот на утрешниот ден ќе услови нестабилно време со дожд и грмежи, но присуството на јужен ветер се' уште ќе ги одржува високи дневни температури помеѓу 30 и 37 степени. Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека мало освежување ќе следува задутре и дневните температури ќе се спуштат до 34. степен. Слично ќе биде и в понеделник, а потоа до 22 август Македонија повторно ќе биде под влијание на топол воздух и температури до 40-от степен. Температурите ќе опаднат пред крајот на август, кога ќе има почести врнежи од дожд.

„Утре температурите ќе опаднат за два до три степена и нема да бидат повисоки од 37. степен. Северното струење задутре ќе ги спушти утринските температури помеѓу 11 и 18 степени, а во текот на денот живата ќе се искачи до 34-от степен“, вели Рада Аврамовска, раководител на Одделението за анализа и прогноза во УХМР.

Од вторник повторно ќе биде топло и спарно. Промена на временската состојба ќе следува по 22 август, кога ќе настапи заладување. (Сн.К.)


Статијата е прочитана 2288 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Стандардот прегазен од цените
Зденко
Црвенковски испука политички рафал кон Груевски
Претходен број
Рајс- Името не смее да биде пречка за НАТО
Украдени над 40.000 евра од експозитура на Комерцијална банка
Нимиц- прво треба да се реши името
Да живее скандалот!
Бесплатни учебници само за деца на социјално загрозени семејства
Голем град во Преспанското Езеро отворен за туристички посети
Каматите на кредитите почнуваат да растат
Блејк го урна олимпискиот сон на Федерер
Секоја генерација има и свој пораз
Ќе биде тешко да се најдат концесионери за автопатите
Владиниот прием за Рамковниот без државниот врв
Борачот Ара Абрхамјан го фрли медалот!
Уредените плажи летово се хит на охридската ривиера
Рибари на човечките души
Членството на Македонија во НАТО е одговор за Грузија
Победите и поразите на олимписките борилишта
Verbatim

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.