Брoj 2763  петок, 15 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter

Бесплатни учебници само социјално загрозени семејства

За основците и за средношколците бесплатни учебници ќе има дури од идната година

Жаклина Хаџи-Зафирова

Бесплатни учебници од оваа година ќе добијат само децата од социјално загрозените семејства, за кои Владата одвоила 250 милиони денари. Посебна помош за овие семејства, според најавите на министерот за образование, Перо Стојановски, предвидена е и со владиниот проект „Условни парични трансфери“, со што се предвидува да им се платат и трошоците за школување на овие деца.

Од Министерството не можат да потврдат што ќе се случува со старите учебници кои можеа да се купат на тезги или да се препродаваат, дали и тие ќе можат да се користат во иднина или, пак, ќе бидат забранети од идната учебна година.

Нема информации зошто доцни проектот за бесплатни учебници за сите ученици. Министерството единствено соопштува дека основците и средношколците од идната учебна година ќе добијат бесплатни учебници што ќе можат да ги користат и генерациите по нив.

Бесплатните учебници се предвидени во новиот Закон за учебници за основно и за средно образование што беше донесен минатиот месец, со кој се прецизираат начините како ќе се користат новите учебни помагала, но овој закон ќе почне да се реализира од идната, а не од претстојната учебна година.

Секој основец и средношколец ќе добие по еден комплет учебници. Учебниците од прво до четврто одделение ќе може да ги користат и втората генерација ученици, а потоа ќе се печатат нови. Учениците од петто до осмо и средношколците ќе учат од истите книги три години, а по завршувањето на третата генерација ќе има нови учебници и за нив.

Министерот за образование и наука, Перо Стојановски, најави дека Министерството ќе ги покрие сите трошоци за печатење на учебниците. „Откако Министерството ќе ги откупи авторските права на избраните ракописи, ќе ги преземеме и сите трошоци за печатење и грижата за тиражот. Издавачките куќи веќе нема да се јавуваат на конкурсите за учебници, туку авторите. Ова е направено за да се обезбедат рамноправни услови за сите што сакаат да конкурираат со свои ракописи“, вели Стојановски.

За бесплатните учебници ќе одлучува посебна национална комисија што ќе биде составена од 18 члена. Членовите на комисијата ќе ги именува и разрешува Владата.

Портпаролката во Министерството за образование, Маја Корубин, вели дека наставниците се должни да им укажат на учениците и на родителите дека учебниците не смеат да се оштетуваат.

„Доколку ученикот не го врати комплетот или го врати оштетен, родителот или старателот ја надоместува вредноста на комплетот со плаќање 70 отсто од каталошката вредност на учебникот. Ако, пак, се промени наставниот план или програма или доколку има измени или дополнување на повеќе од 30 отсто во содржините, Педагошката служба објавува конкурс за нов учебник“, вели Корубин.

Со идејата за бесплатни учебници издавачките куќи повеќе ќе немаат право да конкурираат со учебници, туку тоа ќе го прават авторите. Иако образложението на надлежните е дека со тоа сакаат да ја спречат корупцијата, сепак, прашање е колку и како ќе се спречи појавата авторите сами да си ги нудат учебниците во училиштата и притоа да нудат и провизија со оглед на фактот што, најверојатно, повторно ќе може по секој предмет да се користат по три учебници.

Проектот за бесплатни учебници кој годинава ги израдува родителите не е нов, бидејќи практиката за доделување бесплатни книги прв пат беше воведена пред десетина години во времето на владата на Бранко Црвенковски, но траеше кратко.


Статијата е прочитана 714 пати.

Испрати коментар

Од: Risto
Датум: 15.08.2008 01:14:53
Mislite ova ideja e imase i B. C ..Smeski pa toj vo sekoj kampajni obecase drva i dolini i za sekogo ogromno bogatstvo ama koga ce zavrseja izborite sve zaboravase i nisto ne ispolni.Edno e da obecas drugo e da ostvaris.Isto obecase pogolemi penzi ama im skina po 8% i po dve penzi na penzionerite.Na zemjodelcite im obecase otkup na proizvodite ama gi polneja endecite..Najdobro za nego e da se penzionira predvreme i da e napustit drzavava za sekogas posto koga ce pocnit da se ispituva negovoto bogatstvo moze ne ce ima vreme da izbega.
Од: pepi
Датум: 15.08.2008 01:43:26
Ne be Risto ovaa ideja ja nemase Branko tuku tvojot Nikolce koj veti kompjuter za sekoe dete pa uste gi cekame-po vtor pat gi kupuva so nasi pari,veti besplatni ucebnici za site ucenici koi pocnuvaat so devetoletka pa eve sega ima samo za socijalni slucai,veti ekonomski rast a imame inflacija od 10,5%,veti NATO I EU pa povtorno nema,veti borba protiv korupcija i kriminal a pogledni sto rabotat so Stavrevski kradat na angro,e pa RISTO ovaa se vika DEBELO LAZENJE I USTE PODEBELO KRADENJE.Zboris za Branko pa sto ne mu najdovte nesto,vlasta e vo vasi race a i instrumentite.Probavte so Sekerinska pa EU ve udri po ustata,probavte so zena mu na Branko pa vidovte deka ne vi biduva,probavte so Zaev ama ne davame da zavrsi kako Tanevski,probavte so site i edinstveno sto uspeavte e Makedonija da ja pretvorite vo zandana na rejtingot na premierot,no toa e mac so dve ostrici,se plasam deka premierot ke zavrsi kako prv zatvorenik na sopstveniot narod koga ke sfati deka bil izmanipuliran i doveden do
Од: Tale
Датум: 15.08.2008 02:07:32
Do Risto koj nisto ne pamti pa go napagjas Branko C.zaboravi li koga Branko im dade na studentite vauceri za kompjuter instalira za sekoj ucenik kompjuter redovno kacuva plati otvora fakulteti zadolzitelno sredno vovede pravese sportski sali se borese so oktopodot eeeeee Risto edna li e da ja pamtis se si zaboravil.
Од: Od mene
Датум: 15.08.2008 09:05:13
A be Borce, jadi burek...
Од: Zvonko
Датум: 15.08.2008 09:15:58
Ne ja razbiram ovaa logika na Risto: Novive velat prvo besplatni ucebnici za SITE , pa posle samo za socijalno zagrozenite , a nakraj ke vidime..."a taka pravel i B.C. ".Smeski... Zosto ne go uapsivte "bradosaniot" , sto ja prodade OKTA i Telekom i da go ispitate kolku milioni dolari ima ?!Zatoa plakame lokalen razgovor , po cena kako do Amerika...
Од: OBRAZOVANIA
Датум: 15.08.2008 10:30:25
Човек учи додека е жив,но нека не се залажуваат и искреноста е добра од политичарите да излезе на виделина...мислам за повисокото образованиа,а тоа што на социјалните случаи секогаш се даваше бесплатни книги,само сега се популаризира тоа...срамно...сакав да кажам дека не отворање на факултети,туку да се борите тие факултети да бидат сетски признаени...дали младите студенти се запрашале каде им важи се во светот дипломата за завршен факултет....се разбира на тие од Кирил и Методи државните факултети....другите се нормално признаени евтопските факултети...не ги лажете децата поработете за влез во Унијата....Позз.ПС.затоа студентите учат во Бугарија,поради непризнавањето на нашиот универзитет во светот...
Од: Chichko Stoilko
Датум: 15.08.2008 11:16:21
I bre Risto kukjo stara ti si samo za vo kafana.Eftinite prikazni najlesno minuvaat so dve,tri rakii i edna shopska salata,a sega koristis internet pa vnimavaj nekoj moze da te ismee.
Од: Македонец БТ
Датум: 15.08.2008 11:27:18
Па сите сме социјалци,нарочно родителите со по три деца,и ние скаме бесплатни учебници,нели?А Грујо вели имај трето дете,еее Грујо Грујо,црни Грујо.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Стандардот прегазен од цените
Зденко
Горештините нема да попуштат
Црвенковски испука политички рафал кон Груевски
Претходен број
Рајс- Името не смее да биде пречка за НАТО
Украдени над 40.000 евра од експозитура на Комерцијална банка
Нимиц- прво треба да се реши името
Да живее скандалот!
Голем град во Преспанското Езеро отворен за туристички посети
Каматите на кредитите почнуваат да растат
Блејк го урна олимпискиот сон на Федерер
Секоја генерација има и свој пораз
Ќе биде тешко да се најдат концесионери за автопатите
Владиниот прием за Рамковниот без државниот врв
Борачот Ара Абрхамјан го фрли медалот!
Уредените плажи летово се хит на охридската ривиера
Рибари на човечките души
Членството на Македонија во НАТО е одговор за Грузија
Победите и поразите на олимписките борилишта
Verbatim

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.