Брoj 2763  петок, 15 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter

Рајс: Името не смее да биде пречка за НАТО

Спорот за името не треба да биде пречка за членство на Македонија во НАТО, изјави Кондолиза Рајс, американски државен секретар, во интервјуто за Глас на Америка на македонски јазик.

„Нашиот став е дека Македонците треба да бидат примени во НАТО – тоа беше ставот во Букурешт. Надежта е дека спорот околу името сега ќе може да се разреши мошне брзо. Разговарав со моите грчки колеги, и Македонците беа тука во Стејт департментот. Ова е нешто што не треба да се испречи на патот на приемот на Македонија во НАТО, и на тоа работиме“, рече Рајс.

Рајс направи и паралела меѓу Грузија и Македонија.

„Eдна од причините за Акциониот план за членство во НАТО, и, во крајна линија, приемот во НАТО, е дека тоа им помага на државите да ги надминат долготрајните тешкотии, разлики и судири под закрила на организацијата за колективна безбедност, односно одбранбената организација на демократии“, рече Рајс.

Првиот човек на американската дипломатија потсети дека само пред неколку децении, кога се распадна советската империја, било незамисливо дека ќе се решат разликите меѓу Унгарија и Романија, или пак меѓу Бугарија и Турција, на пример. Но, рече Рајс, тоа денес фактички се случува под закрила на НАТО.

Според Рајс, ширум Централна и Источна Европа, земјите како Чешката Република, Унгарија, Полска, балтичките земји, Албанија, Хрватска, Македонија и други веќе направиле или вршат транзиција кон трансатлантските институции.

„Тоа им овозможува не само да ги разрешат разликите туку и да имаат причина и мотив за внатрешни реформи и натамошна демократизација“, додаде Рајс во интервјуто за Глас на Америка на македонски јазик. (Макфакс)


Статијата е прочитана 1311 пати.

Испрати коментар

Од: Profesor na praven fakultet vo SAD
Датум: 15.08.2008 00:32:11
Samo preku sud vo moze da se resi problemot megu RM i OON. Se drugo e gubenje pari, vreme i dostoinstvoto, kako i sansite vo integriranjeto odn. konkretni koristi. Namesto Sudska akcija nasite se bavat so izlezni temi , kako crkvata, aerodromite itn. Ova e prosta zamena tezi. Koga ne se znae kako da se resi problem, se pravi i diga magla i se zamagluvaat realni opcii. Problemot i so Pretsedatel i so Premierot e sto tie neznaat kako da si ja vrsat rabotata!
Од: pepi
Датум: 15.08.2008 00:56:35
Pa pocituvana ako ne smee imeto da bide precka zosto togas na samitot vo Bukurest bese precka,ne go mavtajte ovoj nas premier koj eve pocna da bara alternativa vo nevrzanite a uste toa ni treba
Од: Branko
Датум: 15.08.2008 05:44:12
se ova se prikazni za mali deca a izgleda i nasite politicari se odnesuvaat kako mali deca.Odamna ne samo jas tuku i mnogu drugi nasi citateli velime ,kako i gore navedeniot gospodin deka problemot so grcija moze da se resi samo preku medjunarodniot sud na pravdata koj e i organ na OON znaci negovata odluka mora da ja pocituvaat i OON i grcite.A nie samo si igrame te ova denes te nekoj drug problem utre.Seto toa e vo red no za na drugo mesto a ne vo ovie razgovori za imeto,patem ponizuvacki i za drzavata i za nacijata.Dajte prestanete da se glupiorate i napravete barem ednas pameten potez.Vo sahot treba da se napravi eden dobar potez za da partijata se resi znaci isto taka i ovde treba da se prekinat pregovorite i da se bara mislenje na medjunarodniot sud na pravdata i za priemot na Republika Makedonija vo OON i za ovie sramotni razgovori za imeto na Republika Makedonija.Posle ova seto ona sto imame da go barame ke se kompletiraat site relevantni dokumenti i na relevantno mesto ke se
Од: zaki
Датум: 15.08.2008 07:36:11
Ova vi e potvrda na site vas skepticite od utrinski i SDSM deka grcite sakaat da ne ponistat kako narod!!!Ne ni priznavaat ni jazik,ni narod,kultura,tradicija a vie ste se zapnale da menuvame iminja i preziminja.Koja bruka ste.Zar treba da se prekrstime vo "Severni grchki Marsovci od juzniot mnogu zezok del na nedemokratska i razgalena Evropa"????Razbudete se Makedonci i ne spijte
Од: ??
Датум: 15.08.2008 09:20:45
Никој не примети дека Кондолиза повеќе пати за време на пресот не нарече МАКЕДОНЦИ ?! (не граѓани на ФИРОМ , на Република Македонија, на оваа/ онаа земја и сл.) За прв пат слушам тоа да го прави државен функционер од тој ранг. Тоа зборува нешто, не? (..и мислам дека тоа е резултат нашите напори да се разоткрие што е вистинскиот проблем со грците) Се надевам и други државници ќе го следат нејзиниот пример, а уште повеќе во случаи кога нивните земји (се уште) не немаат признаено под уставното ни име!
Од: devicanecot
Датум: 15.08.2008 10:26:54
Kakva hipokrizija od doktorot Rajs. A ne e ni prv pat. Ako imeto ne e precka, sto se slucuvaSE vo Bukurest. Ili pak posle 9 juli kako kraen rok.??? Neka si go gleds gospogjicata svojot dvor. Nas neka ne ostavi na mira. Ako sme mala zemja, ne sme bolna nacija zelna za osvojuvawa i ubivanja...
Од: Dr.Mihail Sorko ,Ohrid.
Датум: 15.08.2008 11:38:04
Izjavata na Drzavniot Sekretar na SAD Kondoliza Rajs :"Stavot na Vladata na SAD e deka MAKEDONCITE treba da bidat primeni vo NATO " kazuva edna golema vistina ! "Sekoja VISTINA , izrazena so zborovi ,e sila cie sto dejstvo e neograniceno " .Lav Nikolajevic Tolstoj 1828-1910 ruski pisatel i mislitel.
Од: dedo dimo
Датум: 15.08.2008 13:14:29
Ah kondoliza raice ti sepravish svetica sega no koga GRCIJA stavi veto nishto ne mozevte iline sakavte da napravite iako znaevte GRCIJA ne smeeshe toa da go pravi.Jas mislam oti samo si igrate majtap so nashatazemja ili nemavte sila dai se sprotivstavite. na krajot KARAMANLIS ve ponizi site.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Стандардот прегазен од цените
Зденко
Горештините нема да попуштат
Црвенковски испука политички рафал кон Груевски
Претходен број
Украдени над 40.000 евра од експозитура на Комерцијална банка
Нимиц- прво треба да се реши името
Да живее скандалот!
Бесплатни учебници само за деца на социјално загрозени семејства
Голем град во Преспанското Езеро отворен за туристички посети
Каматите на кредитите почнуваат да растат
Блејк го урна олимпискиот сон на Федерер
Секоја генерација има и свој пораз
Ќе биде тешко да се најдат концесионери за автопатите
Владиниот прием за Рамковниот без државниот врв
Борачот Ара Абрхамјан го фрли медалот!
Уредените плажи летово се хит на охридската ривиера
Рибари на човечките души
Членството на Македонија во НАТО е одговор за Грузија
Победите и поразите на олимписките борилишта
Verbatim

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.