Секојдневните поскапувања целосно го изедоа животниот стандард на граѓаните и оставаат простор за недоумица како да се преживее денот, месецот. Зголемувањето на цената на храната е побрзо и од статистичарите кои се обидуваат да оформат некоја сума која се троши за месечната потрошувачка кошница, која е далеку од реалната слика за тоа колку таа го „јаде“ семејниот буџет.
Така, според статистичките пресметки, по издвојувањето пари за храна и пијалаци, на едно четиричлено семејство дури му останува вишок од околу 50 евра со кои тоа треба да ги намири сите друг трошоци за живеење, за што некој треба да измисли формула како да се направи тоа. Ова е од причина што методологијата по која се пресметува кошницата е одамна утврдена и таа тргнува од количества кои може да си ги дозволи едно четиричлено семејство, што се далеку под просекот на прехранбените потреби. Па, зарем 700 грама кашкавал, 2-3 килограми сирење месечно троши едно семејство, кога тоа не е ни третина од она што го јадат, на пример, децата, а треба ли и возрасните да се почестат со некој грам мевце или сиренце. На крајот на краиштата, нека проба некој да живее со толку, па нека раскажува како е.
Од ова следува заклучок дека потрошувачката кошница која Заводот за статистика ја води како некој патоказ колку заработуваме и колку јадеме нема никаква врска со реалноста во која има поголем апетит од официјалните пресметки.
Еден од испробаните рецепти како да се преживее и опстане со просечната плата е откажување од многу производи без кои порано не можеше да се замисли животот. Сепак, и тоа има граница, со оглед на тоа дека веќе населението елиминира многу производи од дневниот живот и мени, па веќе и не знае од што да се откаже, со оглед на тоа дека има неопходни производи без кои не се може, како што се леб, млеко, месо. Неопходноста од користењето на овие производи го наметнува современото темпо на живеење, но и фактот дека живееме во 21 век кој би требало да подразбира дека се обезбедени барем основните услови за егзистенција, а храната е основа на сето тоа.
И кога ќе помислиме дека нема веќе од што да се откажеме, месечните пресметки покажуваат дека списокот повторно треба да се скуси, поскапото да се замени со поевтино, за на крај секој ден да стане борба за опстанок. Откажувањето од многу работи го покажува и докажува драстичното осиромашување на добар слој од населението кое зема голем замав.
Падот на стандардот најдобро го илустрираат анализите на социолозите и на синдикатот, според кои само 10 до 15 отсто од граѓаните можат да ги поднесат поскапувањата. Оваа бројка е премногу мала во споредба со онаа што покажува дека граѓаните едвај преживуваат или се наоѓаат на работ на опстанокот, за да каже некој дека поскапувањата и не го „прегазија“ премногу животниот стандард.
Во целиот овој хаос на снаоѓања за преживување на месецот, надлежните постојано се обидуваат да се амнестираат од последиците на глобалното осиромашување и да не' убедат дека зголемувањето на платите и пензиите ги покриваат поскапувањата, теза која паѓа веќе во првата продавница кога кошницата станува се' попразна, кога паричникот и картичките се исцедени, а месецот само што навлегол во првата половина.
Во услови кога поскапувањата се присутни насекаде во светот, точно е дека не може многу да се стори, бидејќи производството на храна беше десеткувано минатата година, а последиците се чувствуваат и годинава. Навистина просторот на маневрирање е мал, но државата, сепак, е таа која го има последниот збор и на која и' е дозволено да интеревенира кога смета дека се загрозени нејзините граѓани.
Постепено сите се претвораме во “алхемичари“ со нашата способност да преживуваме .Народот никако не е заштитен од енормното темпо на цените,само се прашувам до кога ќе издржиме.
Од: isposnik
Датум: 15.08.2008 01:41:46
nemojte ve molam pa neli na narodot mu e ubavo kako nikogas do sega .drugi izbori 100% za grujo da bideme etiopija.nemora da jadete samo slusajte i gledajte go grujo na televizija i od toa sto ste slusnale i videle siti i si zamisluvate kako da ziveete vo rajot.
Од: ooo
Датум: 15.08.2008 04:21:38
Da de koga SDSM bese na vlast imavme tolku golem standard sto neznaevme sto da pravime so parite.....Standardot e dobar za koj raboti i koj e obrazuvan a koi ne fuck them
Од: pero
Датум: 15.08.2008 06:16:13
Ве прашувам, а што очекувавте од оваа власт... она што го обеќаа... Во тоа ни самите не веруваат, а животот станува се потежок...
Од: jovan
Датум: 15.08.2008 08:38:45
Pred se standardot vo ishranata ni e katastrofalen. Bukvalno izumirame vo nemoznost del od naselenieto(se pogolem del)da se prehrani soodvetno. Realnata kosnica za prehrana na edno 4cleno semejstvo ne e 12.000,den kako sto ni tvrdi statistika ,nego e min.30.000,denari(samo za hrana,struja,voda,ogrev), a ovoj prihod retko koj go ima,a da ne spomnam deka i toa e minimalniot. Dodatno e toa sto vo izminatiov period isto taka golem del od naselenieto zemase i krediti(za se i svasta, pa duri i za maturski)koj sega normalno se vrakaat i dodatno go opteretuvaat standardot. Situacijava vo drzavava e alarmantna. Onie koj gi gledame vo novi koli i na odmori po Grcii i stranstvo se 2-3% od naselenieto (50.000iljadi luge) koj vsusnost i go pravat obrtot vo drzavava pa si mislime deka sme bogati. Vistinata e deka nasevo naselenie gladuva i e vo teska siromastija navlezeno.Novite koli(6-7iljadi godisno)koj se prodavaat, polnite agencii za stranstvo se dostapni samo za ovie 2-3%.
Од: citec
Датум: 15.08.2008 09:00:58
bravo VMRO, samo napred. Sto si barase narodot, toa si dobi. Ke mu tekne, ama kasno.
Од: Itar Pejo
Датум: 15.08.2008 09:50:02
Lugeto zaboravaat deka umre komunizmot (socijalistickoto samoupravuvanje). Vo Indija, najmnogubrojnata demokratska zemja, stotici milioni luge ziveat so po dolar-dva dnevno.
Од: Jani Makris
Датум: 15.08.2008 10:10:23
Kutete arno e.
Од: Makedonija
Датум: 15.08.2008 12:28:59
Грујо пред две години викаше резултати веднаш, вработеност , економски раст , инвестиции подобар живот за сите, а што добивме кошмар, страв од животот , борба за опстанок, очај ,несигурност со еден збор ЛУДИЛО- до кога ?