Брoj 2710  четврток, 12 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Јаневски во предност во однос на Достаниќ за клупата на Вардар

Раководството на црвено-црните најверојатно денеска ќе го соопшти името на новиот тренер

Емил Китановски

Чедомир Јаневски и Ратко Достаниќ беа двете најсериозни тренерски имиња кои до доцна синоќа останаа во трката за пополнување на тренерската фотелја во Вардар. Новиот газда на Вардар, пред два дена во Белгија оствари повеќечасовен конструктивен разговор со Јаневски, по што и двете страни отворено и транспарентно ги ставија на маса своите предлози. Коста Костовски начелно, е задоволен од текот на разговорот со Јаневски, меѓутоа барем до затворањето на овој број на Утрински весник не сакаше да ни потврди дали во Белгија дојде до приближување на ставовиве со некогашната вардарова фудбалска легенда. Како што неофицијално дознаваме, Јаневски бара околу 100.000 евра за едногодишен договор со црвено-црните, што конкретно значи дека тој би се вратил во Вардар за месечна плата од околу 8.000 евра. Оваа сума на пари е навистина сериозна кога станува збор за балканските фудбалски прилики, каде што речиси сите селектори (исклучок е Среќко Катанец), работат за помала месечна плата со националните тимови на Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и сега соседна Србија.

Јаневски во моментов нема професионален ангажман, што е добро, бидејќи веднаш ќе може да се зафати со работа во црвено-црниот табор. Како што дознаваме, поранешниот вардарец е и „првиот пик“ кај поголемиот дел од новата управа на вардарци. Сепак, вчера нешто после 16 часот во Скопје допатува и србинот Ратко Достаниќ, кој по желба на управата дојде на преговори со раководството на Вардар.

Добро упатените во новите прилики во клубот, сметаат дека шансите за ангажман на некој од овие двајца тренери се приближно еднакви (мала предност има Чеде Јаневски), што значи дека во конечниот избор ќе пресуди желбата на новиот сопственик на црвено-црните, Коста Костовски.

Неофицијално, шестмина фудбалери од стариот состав вчера веќе потпишаа нов професионален договор со Вардар. На овој список се најдоа Брага, Мојсов, Емурлаи, Петров, Пеев и Ејупи. Ангажманот на дефанзивецот Бојовиќ и понатаму е неизвесен, поради тоа што во тимот има неколку одлични фудбалери кои настапуваат на истата позиција со Бојовиќ. На списокот на желби на управата на Вардар се наоѓаат и Мегленски и Положани, кај кого пак, пречка околу евентуалниот ангажман во црвено-црниот табот може да биде висината на обесштетувањето кое за него ќе го бара неговиот клуб Кобленц. Сепак, и овој список може да претрпи корекции во последен момент, а неговото официјализирање најверојатно ќе се случи денеска, кога се очекува клубот да го објави името на новиот тренер на Вардар.


Статијата е прочитана 311 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Магдинчев и Русевски во четврт-финалето во Софија
Победата на Холандија од 3
Шпанија против Русија ја покажа сета своја моќ
Фудбалски вести
Црни прогнози_ Лука Модриќ ќе помине во Англија како Ребров
Фуриозен старт на Мартиноски на „Мерцедес опен“
Фирмата „Планет М лимитед 2“ го оспорува Собранието на нашиот најтрофеен клуб
Втрчав на терен на „Пратер“ за 100 гајби пиво!
Ракометарките од третиот шешир во ждрепката за ЕП
Металург ќе игра во квалификациите за ЛШ
Брајант ги врати во живот лејкерси