Брoj 2710  четврток, 12 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Металург ќе игра во квалификациите за ЛШ


По двојната круна сезонава, Јосиф Петковиќ реши да остане со „металурзите“

И покрај неколкуте понуди, тренерот Петковиќ останува во клубот, а играчите добија одмор до 25 јули

Миодраг Мицковиќ

Ракометарите на Металург, актуелните шампиони на Македонија сепак ќе играат во квалификациите за Лигата на шампионите. Постоеја некои шанси тие директно да се најдат во една од групите, меѓутоа, Европската ракометна федерација (ЕХФ), ги одреди 24 екипи кои ќе играат директно во Лигата на шампионите, додека 16 ќе играат квалификации, меѓу кои е и Металург. Првите натпревари од квалификациите ќе се играат на 6 и 7 септември, реваншите се на една недела подоцна на 13 и 14.

По големиот успех играчите на Металург добија одмор до 25 јули, се' уште тренираат репрезентативците кои ги очекува ревнаш мечот со Исланд, в недела, во Рејкјавик, а потоа и тие ќе добијат заслужен одмор. Иако имаше некои шпекулации дека тренерот Јошко Петковиќ ќе го напушти Металург бидејќи добил поволни понуди од некои клубови во Србија, тој и натаму ќе биде на кормилото на „железарците“.

Од разговорот со сите играчи речиси е сигурно дека клубот можеби евентуално ќе го напушти единствено Макалоски на кого му завршува договорот со Металург, во клубот се волни да му издадат исписница. Инаку Металург е во преговори со двајца-тројца играчи за да ја засилат екипата во квалификациите и евентуалниот настап во Лигата на шампионите, но нивните имиња засега се чуваат во тајност. Како што дознаваме желба на металурзите е во клубот да го доведат одличниот голман Данило Брестовац кој со голем успех брани во Првата лига на Франција, но тоа е засега само желба, а дали ќе се оствари, останува да се види.

Според досегашниот рејтинг Металург ќе биде носител на група во квалификациите на Лигата на шампионите, а за можни противници на ждрепката што ќе се одржи на 4 јули во Виена се следните клубови: Црвена звезда (Белград), Бенфика (Лисабон), Гранитас (Литванија), Полва Сервити (Естонија), Киприус Колеџ (Кипар), Измир (Турција), Сашиј�� (Белгија) и Дуделанж (Луксембург).

Од сите овие противници Металург не ги посакува Црвена звезда и Бенфика бидејќи тие се сигурно и најтешки во оваа група, но што е тука е, со нетрпение се очекува ждрепката и во клубот сите веруваат дека Металург ќе игра во една од групите на Лигата на шампионите.


Статијата е прочитана 206 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Магдинчев и Русевски во четврт-финалето во Софија
Победата на Холандија од 3
Шпанија против Русија ја покажа сета своја моќ
Фудбалски вести
Црн�� прогнози_ Лука Модриќ ќе помине во Англија како Ребров
Фуриозен старт на Мартиноски на „Мерцедес опен“
Јаневски во предност во однос на Достаниќ за клупата на Вардар
Фирмата „Планет М лимитед 2“ го оспорува Собранието на нашиот најтрофеен клуб
Втрчав на терен на „Пратер“ за 100 гајби пиво!
Ракометарките од третиот шешир во ждрепката за ЕП
Брајант ги врати во живот лејкерси