Магдинчев и Русевски во четврт-финалето во Софија
Третите носители Лазар Магдинчев и Предраг Русевски се пласираа во четврт-финалето во двојки на тенискиот челинџер Бугарија опен во Софија, кој се игра на земјена подлога и за награден фонд од 42.500 евра. Тие на стартот ги совладаа Шпанците Хавиер Џенаро-Мартинез и Пере Риба со 7-5, 6-4, што им донесе по 13 АТП-поени и делба на 540 евра. Следни противници на Дејвис куп репрезентативците на Македонија денеска ќе им бидат подобрите од синоќешниот дуел во кој Руи Мачадо од Португалија и Хосе Антонио Санчез де Луна од Шпанија играа против Каталин Гард од Романија и Алекс Зачко од Германија. (Р.Д.) |