Победата на Холандија од 3:0 уништи бизнис со компјутери
Амстердамската компанија за информатичка опрема речиси банкротира откако на купувачите им понуди попуст на монитори тежок 100 евра за секој гол на Холандија против Италија.
Победата од 3:0 не ги одушеви сопствениците на фирмата. Сега ситуацијата е таква што мониторите, кои се вредни 400 евра, може да се купат за 100. Многу луѓе чекаа во ред и ги разграбаа сите монитори, нанесувајќи му огромна штета на сопственикот. |