Брoj 2710  четврток, 12 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Фудбалски вести

На Подолски му се закануваат со одземање на полското државјанство

Двата гола кои им ги даде на своите Полјаци предизвикаа не само спортска, туку и политичка бура во државата во која е роден. Мирослав Орзековски, претседателот на политичката партија Католичка лига на полските семејства, изјави дека Подолски треба да се откаже од полското државјанство со оглед на тоа што сегашните полски закони не дозволуваат двојно државјанство.

Предлогот предизвика бурна реакција. Додека едни ја напаѓаат недемократичноста на демохристијанскиот лидер, други се прашуваат зошто Подолски не игра за Полска наместо за Германија, вперувајќи го прстот во Фудбалскиот сојуз на Полска. Од Полска во Германија родителите на Подолски се преселија во 1987 година, две години по раѓањето на Лукаш. По потекло и двајцата се Германци. Затоа и добија државјанство.

Сара го полуде Швајнштајгер



Бастијан Швајнштајгер кој блескаше на СП 2006 година игра се' послабо, па сега не е ниту во првиот состав на Германија. Против Полска влезе во вториот дел, а германските новинари велат дека тој игра непрепознатливо откако има нова девојка. Станува збор за синокосата Сара Бранднет со која се запозна на една забава и оттогаш се неразделни.

Донадони менува половина тим

Откако беше распнат од италијанските новинари селекторот Роберто Донадони се одлучи за големи промени за мечот со Романија. На клупата ќе се преселат Матераци, Гатузо, Каморанези и Ди Натале, а од првата минута на терен ќе бидат Гросо, Киелини, Де Роси, Касано и Дел Пјеро, додека „аѕурите“ ќе заиграат во формација 4-3-1-2. Италија против Романија игра утре, а евентуален пораз би значел крај за светските прваци.

Кака доби син

Ѕвездата на Милан Кака со својата сопруга Каролина доби син Лука. Бебето е тешко 3,6 килограми, а лекарите изјавија дека и тоа и мајката се во одлична здравствена состојба. Кака, пак, изјави дека ова е најубавиот гол во неговиот живот


Статијата е прочитана 514 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Магдинчев и Русевски во четврт-финалето во Софија
Победата на Холандија од 3
Шпанија против Русија ја покажа сета своја моќ
Црни прогнози_ Лука Модриќ ќе помине во Англија како Ребров
Фуриозен старт на Мартиноски на „Мерцедес опен“
Јаневски во предност во однос на Достаниќ за клупата на Вардар
Фирмата „Планет М лимитед 2“ го оспорува Собранието на нашиот најтрофеен клуб
Втрчав на терен на „Пратер“ за 100 гајби пиво!
Ракометарките од третиот шешир во ждрепката за ЕП
Металург ќе игра во квалификациите за ЛШ
Брајант ги врати во живот лејкерси