Брoj 2710  четврток, 12 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Фуриозен старт на Мартиноски на „Мерцедес опен“

Илија Мартиноски за само 50 минути ја заврши работата и се пласира во второто коло на 5. „Мерцедес опен“ во Скопје, со награден фонд од 10.000 американски долари. Дејвис куп репрезентативецот на Македонија, пријавен како 1013. на АТП-листата, го „избриша“ централниот терен на тенискиот комплекс Југ со осмиот носител Александар Мариќ (945.) од Босна и Херцеговина, препуштајќи му само еден гем, и тоа на почетокот од првиот сет.

„Бев сигурен дека ќе победам, но не очекував толку убедливо“, изјави најдобро рангираниот македонски тенисер на турнирот, кој му се раваншира на Мариќ за поразот во три сета на фјучерсот на тепих во Салцбург во јануари годинава. Следен противник на 18-годишниот прилепчанец, кој брани два поена од лани кога со победата над Лазар Магдинчев стигна до четврт-финалето, денеска ќе му биде Адријан Сикора (1129.) од Словачка.

Мартиноски одлично тргна и во двојки, каде што заедно со Шендрит Деари на стартот ги изненадија третите носители Парис Гемухидис од Грција и Пирмин Хенле од Германија, кои ги совладаа со 7-5, 7-5. Следни ривали им се Марко Беговиќ од Црна Гора и Анте Билиќ од Хрватска. (Р.Д.)


Статијата е прочитана 110 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Магдинчев и Русевски во четврт-финалето во Софија
Победата на Холандија од 3
Шпанија против Русија ја покажа сета своја моќ
Фудбалски вести
Црни прогнози_ Лука Модриќ ќе помине во Англија како Ребров
Јаневски во предност во однос на Достаниќ за клупата на Вардар
Фирмата „Планет М лимитед 2“ го оспорува Собранието на нашиот најтрофеен клуб
Втрчав на терен на „Пратер“ за 100 гајби пиво!
Ракометарките од третиот шешир во ждрепката за ЕП
Металург ќе игра во квалификациите за ЛШ
Брајант ги врати во живот лејкерси