Втрчав на терен на „Пратер“ за 100 гајби пиво!
Домагој Гурдон за непромислениот потег платил огромна сума пари, но не сака да ја открие
Домагој Гурдон (29) хрватскиот навивач кој втрча на терен на мечот со Австрија ја откри причината за својата неконтролирана постапка.
„Во саботата вечер бев дома. Пријателите ми пратија порака дека во Виена е лудница и одлучив да тргнам. Изнајмив „опел корса“ и „пат под нозе“. Во Словенија поради брзо возење платив 200 евра, а по шест часа стигнав во Виена“, ја почнува приказната Домагој, кој влезницата за натпреварот ја платил 100 евра, притоа ветувајќи им на пријателите дека ќе влезе на терен.
„Видов празен простор и тргнав. Дотрчав до Нико Крањчар и му кажав: „Нико Сплит те сака“. Потоа сакав да го бакнам, но ми пријде обезбедувањето и ме одведе под трибината. Таму ме пречекаа полицајците и ми кажаа да почекам 15 минути да средат некои документи, па потоа ќе одам кај судија за прекршоци, кој се наоѓа на стадионот. Платив голема казна, навистина голема, но не би зборувал за точниот износ“, вели Домогој.
Неговите пријатели не верувале дека тој навистина ќе влезе на терен. Понудија облог. „Ми кажаа дека плаќаат 100 гајби пиво ако влетам“, откри Домагој. |