Црни прогнози: Лука Модриќ ќе помине во Англија како Ребров
Колумнистот на англискиот „Метро“ некогаш напаѓач на Кристал Палас, Марк Брајт, го гледаше хравтскиот репрезентативец Лука Модриќ против Австрија и тоа што го виде го разочара. Му предвидува на Лука тешки денови во Премиерлигата.
„Ја гледав Хрватска и скапо платениот нов фудбалер на Тотенхем, Модриќ и според она што го видов од него можам да кажам дека тој ќе биде новиот Ребров за Тотенхем“, напиша Брајт.
Кога на Островото ќе се каже „ќе биде како Ребров“ станува збор за исклучително песимистичка проценка. Украинецот брилјираше во тандем со Шевченко во дресот на Динамо Киев, а во 2000 година за 16 милиони евра прејде во Тотенхем. По само половина сезона замина тренерот Греем, кој го доведе и Ребров „исчезна“. |