Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
06.11.2012, 17:46

Поглед

Пикантен, но и уникатен дуел

Александра М. Митевска

Телевизискиот дуел меѓу Бранко Црвенковски и Љупчо Георгиевски од пред десетина години, чии извадоци деновиве на големо се репризираат на малите екрани, со право го заслужува епитетот „легендарен“. Не само поради тежината и сочноста на личните дисквалификации што си ги разменуваат некогашните жестоки противници, кои неодамна склучија примирје на отворена сцена. Не само затоа што славните реплики на двајцата политички ветерани станаа оружје во рацете на нивните сегашни противници. Туку и поради тоа што таа мала, ама бурна секвенција од нивните политички кариери беше последна епизода од серијалот лидерски предизборни соочувања во кусата историја на македонскиот плурализам.

Практиката лидерите на двете најрелевантни партии, неколку часа пред изборниот молк, да седнат еден спроти друг и јавно да си кажат што мислат еден за друг заврши со оние кои и го воспоставија тоа непишано правило на домашен терен. По заминувањето на Георгиевски, а потоа и на Црвенковски од премиерската функција, политичките дуели во земјава станаа мисловна именка. Она што во светот е нешто вообичаено пред секои избори, во Македонија стана исклучок што го потврдува правилото за отсуство на политичка комуникација.

Затоа за дуелот Бранко - Љупчо може да се каже дека е пикантен, особено кога репликите од пред толку години ќе се стават во контекст на новата реалност. Но, можеби, посоодветно е да се рече дека е уникатен: Бидејќи во годините што следуваа, а кои требаа да значат еволуција во се' уште младата македонската парламентарна демократија, политичките монолози, во кои се' е однапред смислено и не се ризикува пенал на лице место од противникот, ги потиснаа жешките и непредвидливи политички дебати.


Статијата е прочитана 1120 пати.

Испрати коментар



Обама - Ромни
Економската криза посилна од буџетот
„Рамковните“ во корист на својата штета
Ах, тие наши комшии



seirdzija, 07.11.2012 00:14:34
Mene mi e interesno prasanje od kade na DPMNE tolku pari da placa reklami po vesnici,a istovremeno imaat dolg od 3 mil. evra?Neli postojat izvrsiteli u drzavata koi sardisuvaat gradjani,a za DPMNE toa ne vazi???Krajno licemerno e premierot da posocuva so izjavi za necij(navoden) kriminal,a samiot da e zaglaven vo istiot do gusa.Ustvari iskreno Gruevski se povece lici na VOLK koj vo javnosta izleguva navlecen so jagneska koza....a site nie OFCI!!!!
bez trag, 07.11.2012 00:29:40
Zosto na Nikolce mu e cudno toa sto se slucuvalo pred 20 god a ne mu e cudno deka toj istiot Ljupco go afirmirase tokmu nego vo politickite vodi i go donese na toa sto e sega, a istiot toj mu zabode nosh vo grb,zosto tie snimki ne gi objavuvaat da vidime kako mu se grebi na Ljupco ... Neli e toa najpokvarenata rabota.a da ne zboruvame za slucajot Boskovski...
jovan, 07.11.2012 00:56:11
Fino sto se vrti eden takov duel od pred 10 godini. Da vidi narodov deka nekogas i ovde imalo dueli i toa zestoki. Steta sto denes veke nemame takva moznost da gledame *hrabri momci* koj zestoko ke zadavaat udari, no i maski ke primaat udari. Im se zablagodaruvam na DPMNE sto mu ovozmozija na ovoj narod da se priseti kako bese nekogas, ne taka odamna, za razlika od denes, kade sto *duelot* prerasna vo monolog vo prisustvo na Latasovci, Milemkovci, Burekdzii.......koj poveke nalikuva na ispoved za olesnuvanje dusa od grevovi.
Damjan, 07.11.2012 01:22:54
Ако барем имаат елементарна демократска култура, тој дуел ДПМНЕ-овци не би го користеле како прилог за бламажа, посебно во услови кога нивниот лидер и актуелен премиер, од дуел со Црвенковски бега како ѓавол од темјан. Сепак, треба да се предочи дека ваквата кампања за нас, кои во телевизиските екрани не зјапаме заради пикантните тиради или за да ги голтаме дегутантните навреди што ги пакуваат медиумските телали на власта, има спротивен ефект. Го толкуваме , пред се, како насилие врз сетилата на граѓаните.
Branko, 07.11.2012 07:03:45
Bidejki Gwujo i DPMNE a i nivnite megafoni Latas, Mirka i Milenko non stop kazuvaat deka Branko e istrosen politicar i deka treba da si odi od politickata csena za dobroto na SDSM i narodot na RM me interesira dali Gwujo KE SE OHRABRI,KE SE OSMELI da izleze na duel ako Branko mu rece deka posle duelot ke se povlece?? Dali ke ima hrabrost da prifati duel pod toj uslov???
cobe, 07.11.2012 09:30:30
А се запрашале сегашните противници зошто немаат човек за ТВ дуел??????? Затоа што се неписмени..........и врапчињата тоа го знаат.............
za site dobromislenici, 07.11.2012 10:31:29
Telzviziski dueel e eden preskrasen nacin, za da odluci narodot kogo ke izbere za iden lider na drzavata. Vo svetot, isto taka, postojat OBAZVEZNI normi( pokraj duelot, poveke od edenas po kampanja) za MOZNO reklamiranje na partijata ili liderot. Reklamata trebe da bide PODEDNAKVA za site partii, ni minuta pomalku ili poveke. Kaj nas se sveduva na *bosa komanda* i komu *koku mu se moze*. A onie koi ne mozat*kolku im se moze* bivaat obezpraveni.Takvo nesto niz drzavite na EU NE pominuva. A kaj nas, ovaa debeta od pred poveke godini, predizvikuva sprotiven efekt koj se vika *povratok na manivelata*. Sto bi znacelo deka NE TREBE do taa mera da se vadat od naftalin vakvi *reklami* koi ke ni gi otvorat ocite nam na ovcite, pa ke vidime deka nekogas imalo kandidati so kuraz.(za onie koi ne znaat sto e manivela neka gi prashaat postarite koi preterale vo *navivanje* na motorot na autoto so manivela, pa taa se svrtela i dobro gi tresnala po glava)Inaku , *Reklamava* e sosema dosadna!
milan, 07.11.2012 10:33:25
Zaludno se nadevame deka Grujo ke izleze na duel, pa tpj ni protiv Sekerinska ne se usudi. Nemase ni pred novinarite na A1 da se pojavi,da ne bese siguren deka im obezbedi rabotni mesta vo drugite tv.kuki,(sekavate se ona pred vladata) a novinarite togas biraa prasanja -buregdjisko nivo - POZDRAV.
Секундант, 07.11.2012 10:37:56
Конечно едно здраво гледање, правење осврт, на „дебилните реклами“ со кои не` труе власта. Кога веќе напишав „дебилни“, самиот се подзамислив и се прашав: Дали се дебилни рекламите или кај мене се случило „нешто“ - „некој краток спој“, па, со сличните како мене, воопшто ги гледаме и дискутираме за „овие“ изблици на власта која сме си ја избрале?
glasac, 07.11.2012 13:30:14
Ova e samo uste eden dokaz deka vo RM nema vistinska demokratija i politicka borba so argumenti na otvorena scena pred glasacite.Ocigledno r deka nekoj od nasite vrvni politicari se plasi da se sooci so svoite politicki oponenti pred celokupnata makedonska javnost.Toa posebno vazi za vladeackata partija VMRO DPMNE.Nerazbirlivo e ako partijata na vlast e sigurna deka ostvarila se sto im vetlila na gragjanite/ barem taka se fali vo svoite propagandno promotivni akcii / togas zosto tolku uporno go odbegnuvaat duelot so opo0zicionata SDSM i nejziniot vodac Branko Crvenkovski koj vo poveke navrati go povikuvase Nikola Gruevski na tv duel!!Vprocem eve i rejtingot na vodacot na VMRO e skoro dvojno povisok od toj na SDSM,no zosto nekoj bi reskiral,sto e sigurno,sigurno si e!!
Nerealen shampion - plashliv bokser!, 07.11.2012 13:49:30
Liderot na DPMNE neka izleze na duel i so lichen primer da dokaze i pokaze kako se toa pravi, posebno shto ima taka *silni* argumenti. Ovaka, krajno mizerno i odvratno dokazuva deka e plashlivec (suknja), a da ovie *ludi i pijani* se vistinski bokseri (mazishta) i lideri. Krajno vreme e da prekine so tie gluposti i da se OSMELI, kako vistinski bokserski shampion! Vo sprotivno, ne go priznavame ni za chovek, a kamoli za premier, bidejci seto drugo osven TV-duel e mestenka, so moznost za golemi lagi i prevari. A sklon e na toa!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
  


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Ведро

Недела
Ведро
Макс: 14°C, Мин: 3°C

Понеделник
Претежно облачно
Макс: 17°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (49)
Самоизолацијата на Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Настани
Музите на Хичкок и денес икони на стилот
Хероината на Хичкок не може да биде заменета со денешните старлети - таа не е бомбастична русокоса, туку грациозна дама...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |