Број 3078  петок, 04 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Ивановиќ: Привремено заминувам од тенисот!

Поразот во 1. коло на УС-опен од 52. тенисерка на светот, Катарина Бондаренко ја наведе српската тенисерка, некогаш прв светски рекет, Ана Ивановиќ, привремено да се повлече од тенисот. Скршена по поразот, Ивановиќ изјави дека и е потребна пауза и дека само така евентуално може да им се врати на успесите кои ги постигнуваше пред кризата. Поразот беше само повод, а кризата трае веќе извесно време.

„Многу сум разочарана. Ме предаде моето најсилно оружје, форхендот. Но, не е само во тоа проблемот. Не избирав вистински удари, а ми недостасува и самодоверба. Со години не сум била на одмор, и мислам дека оваа пауза добро ќе ми дојде. Сакам повторно да се вратам во светскиот врв, а во овој момент тоа е едноставно невозможно. Морам малку да се тргнам од тенисот“, изјави Ана Ивановиќ.


#
Статијата е прочитана 805 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Шумуликоски
Шкотски покер со голем влог
Фудбалски празник во Прилеп
За Стефанов, Грција сега е нашата шанса
Се' освен ЛШ неуспех за Вардар про
Федерер во третото коло
Цалдарис и Папаниколау остануваат дома
Подвиг на Грабулоски во Бугарија
Рафаел Надал