Број 3078  петок, 04 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Се' освен ЛШ неуспех за Вардар про

Десното крило голем проблем пред стартот од квалификациите вечерва со Бешикташ'

Роберт Димитриевски



„Се' освен пласман во групите од Лигата на шампионите би го сметал за неуспех, и личен и клупски. Како домаќини сме фаворити. Ако играме како во финалето на турнирот во Добој, и многу посилни европски клубови тешко би изглегле на крај со нас“, смета тренерот на Вардар про, Веселин Вујовиќ. Неговиот тим викендов во СРЦ „Кале“ ќе биде домаќин на првата квалификациска група, во која ќе стартува вечерва од 18 ч. против Бешикташ, утревечер од 20 ч. ќе игра со Будуќност и в недела исто така од 20 ч. ќе се сретне со Динамо Минск. Победникот на турнирот ќе избори настап во групата Д од ЛШ, во која ќе го чекаат Кил, Колдинг, Барселона, Амичитија и најдобриот од квалификациската група во која викендов во Леон ќе разигруваат домашниот Реале Адемар, потоа Лемго, Целје Пивоварна Лашко и Кадетен Шафхаузен.

„Имавме успешна претсезона, во која ги освоивме турнирите во Добој и во Блаце. Не се занесувам дека тие беа од европско ниво, но покажаа дека со противниците можеме да се носиме и физички и со разни зонски одбрани“, дополнува Вујовиќ. „Будуќност ја победивме без поголеми проблеми, имаме одредени информации и за Бешикташ, а најмногу не' загрижува Динамо, за кого не знаеме многу, но ќе ги видиме првите два дена, со оглед дека со нив ќе играме на крајот. Тој клуб е проект на Владата на Белорусија и во него има играчи од неколку екссоветски републики“.

Најголема главоболка за тренерот на македонскиот првак е позицијата десно крило. Репрезентативецот Златко Мојсоски се' уште не е закрепнат од операцијата на очите, Влатко Јовчевски има повреда на бутниот мускул, а за ветеранот и ексрепрезентативец Иван Марковски тешко оди издејствувањето сертификат од Саудиска Арабија поради муслиманските празници таму. Вујовиќ не крие дека би било рамно на катастрофа ако Марковски и дефинитивно отпадне, бидејќи на десно крило ќе мора да импровизира со бек или со некое од левите крила.

Уште еден хендикеп за Црногорецот на кормилото на црвено-црните е суспензијата од Европската ракометна федерација, поради која екипата за време на натпреварите ќе ја води од трибините. ЕХФ неговиот случај ќе го разгледува на 27 септември, а евентуалната позитивна одлука ќе значи дека Вујовиќ ќе може да седи на клупата во групната фаза од ЛШ, која за Вардар про би почнала меѓу 7 и 11 октомври на гости кај победникот од турнирот во Леон. Се разбира, ако шампионот на Македонија ги оправда очекувањата со триумф во Скопје, во кој никој ни во клубот ни во ракометната јавност во државава не се сомнева.

 


#
Статијата е прочитана 390 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Шумуликоски
Шкотски покер со голем влог
Фудбалски празник во Прилеп
За Стефанов, Грција сега е нашата шанса
Федерер в�� третото коло
Цалдарис и Папаниколау остануваат дома
Ивановиќ
Подвиг на Грабулоски во Бугарија
Рафаел Надал