Број 3078  петок, 04 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

За Стефанов, Грција сега е нашата шанса

Лидерот на репрезентацијата не е импресиониран од подготвителните мечеви на нашиот јужен сосед

Наум Котевски


Македонската кошаркарска репрезентација вчера одработе дел од протоколарните обврски присуствувајќи на приемот во Владата на Р.М. Ако веќе познатите зборови на поддршка од едната страна и благодарност од другата беа очекувани, сигурно тоа не може да се каже за изјавата на лидерот на нашиот кошаркарски тим Врбица Стефанов, кој игра како во своите најдобри денови.

„Можам да ви кажам дека го имам сменето мислењето. Од она што можев да го видам во подготвителниот период кај нашите противници сега сметам дека нашата шанса е Грција“, посочи Стефанов, само неколку дена откако Словенија го прегази нашиот Јужен сосед во Марибор.

Како што е познато, македонската кошаркарска репрезентација по двата дена одмор завчера продолжи со тренинзите во „Борис Трајковски“. И на тој тренинг можеше да се слушнат коментари меѓу играчите за првиот меч со Грција. Сите посакуваат победа, но се обидуваат, како што уште на првиот собир им порача Арсиќ, да гледаат чисто спортски на натпреварот, без никаква политички примеси, кои можат да донесат повеќе негативно отколку позитивно. „Нормално, ќе дадеме се да победиме. Но не е само мечот со Грција. Потоа следат оној со Израел и Хрватска. Првиот меч е важен на секое вакво големо натпреварување. Не смее да дозволиме да изгориме против Грција. На крајот ние сме спортисти, а не политичари“, порача македонскиот центар Тодор Гечевски.

Инаку, сакал неќел селекторот Јовица Арсиќ денеска ќе мора да пресече. Ќе мора да се одлучи за еден од двајцата Македонци со американски пасош Џеремаја Мејси или Даруис Вашинтгтон, кој треба да ни биде од голема помош во обидот да направиме што подобар успех.

И двајцата кошаркари влегуваат со свои шанси во трката кај Арсиќ. Првиот слабо ги почна подготовките на кои и доста време доцнеше, но на крајот на Ефес купот во Турција покажа колку знае и колку може. Особено во финалето против Хрватска, кога постигна 29 коша. Мејси имаше просек од 12 коша, а Вашингтон, кој накнадно беше повикан (токму поради доцнењето на Мејси) 10,3 поена, но одигра четири натпревара помалку од Мејси.

Додека Арсиќ размислува за Мејси и Вашингтон и се обидува да ги поправи недостатоците кај своите кошаркари што ги детектираше во изминатиот подготвителен период (пред се во дефанизвата) сите репрезентативци ги извршуваат поставените задачи, освен Дарко Соколов, кој поради повредата на скочниот зглоб само лесно трча. Но, уверен е дека до сабо��ното заминување во Полска ќе биде многу подобро.


#
Статијата е прочитана 728 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Спорт
Шумуликоски
Шкотски покер со голем влог
Фудбалски празник во Прилеп
Се' освен ЛШ неуспех за Вардар про
Федерер во третото коло
Цалдарис и Папаниколау остануваат дома
Ивановиќ
Подвиг на Грабулоски во Бугарија
Рафаел Надал