Број 3078  петок, 04 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Рафаел Надал: Се чувствувам многу свеж

Рафаел Надал против Ришар Гаске во 1. коло го одигра повратничкиот меч на гренд-слем турнирите по Ролан Гарос кога во 4. коло загуби од Робин Содерлинг, а поради повреда на колената го пропушти Вимблдон.

Освежен, со нов имиџ - скратена коса (американските новинари се шегуваа дека со новата фризура сака да личи на Федерер), Надал одигра меч кој потсети на неговите стари и добро познати презентации, иако можеби Гаске не е вистинскиот репер. Имено, и Французинот имаше подолга пауза, но од сосема други причини. Тој беше обвинет дека користел кокаин и му се закануваше суспензија од две години, но на крајот успеа да се „одбрани“.

Како и да е, Шпанецот лесно дојде до 2. коло на УС-опен, а аналитичарите велат дека неговите движења се се' подобри и посигурни.

И самиот Надал е задоволен од стартот на американскиот опен. „Се чувствувам одлично, немам болки во колената. Мислам дека паузирав две години, а не само два месеца. Не знам дали е тоа добро или не, но чувствувам свежина како никогаш досега. Ако вака одат работите мислам дека имам шанси да стигнам до финалниот меч“, изјави Надал, во чија богата ризница на трофеи недостасува токму пехарот од гренд-слемот на Менхетен.


#
Статијата е прочитана 506 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Шумуликоски
Шкотски покер со голем влог
Фудбалски празник во Прилеп
За Стефанов, Грција сега е нашата шанса
Се' освен ЛШ неуспех за Вардар про
Федерер во третото коло
Цалдарис и Папаниколау остануваат дома
Ивановиќ
Подвиг на Грабулоски во Бугарија