Број 3078  петок, 04 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Подвиг на Грабулоски во Бугарија

Квалификантот Димитар Грабулоски го приреди најголемото изненадување на стартот од тенискиот фјучерс во бугарскиот град Добрич, кој се игра на земјени терени и за награден фонд од 10.000 американски долари, елиминирајќи го првиот носител Ивајло Трајков од Бугарија. Репрезентативецот на Македонија, кој неделава е 1087. на АТП-листата, со 6-2, 6-2 го декласира Трајков, моментно 446., а во 2003 година беше 211. тенисер во светот! Популарниот Грабул во второто коло ќе се сретне со уште еден Бугарин, Тодор Енев (799.).

Подвиг во Добрич оствари и Васко Здравкин, кој заедно со Србинот Милјан Зекиќ се пробија до полуфиналето со победата од 6-3, 1-6, 10-3 над првите носители во двојки, Украинците Глеб и Вадим Алексеенко. Со пласманот меѓу најдобрите четири дубла, Здравкин првпат во кариерата ќе осамне и на АТП-листата во оваа конкуренција.

Во првото коло во сингл на истиот турнир македонскиот квалификант Шендрит Деари (1596.) загуби од Кузманов (1744.) со 7-5, 6-2.

Александра Јосифоска, пак, со партнерката Ема Бургиќ од Босна и Херцеговина се пласираа во четврт-финалето во двојки на фјучерсот во босанскиот град Брчко (земја, 10.000 долари), победувајќи ги Камелија-Елена Христеа од Романија и Далија Зафирова од Бугарија со 6-4, 6-3. (Р.Д.)


#
Статијата е прочитана 535 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Спорт
Шумуликоски
Шкотски покер со голем влог
Фудбалски празник во Прилеп
За Стефанов, Грција сега е нашата шанса
Се' освен ЛШ неуспех за Вардар про
Федерер во третото коло
Цалдарис и Папаниколау остануваат дома
Ивановиќ
Рафаел Надал