Број 3078  петок, 04 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Фудбалски празник во Прилеп

ПРИЛЕП - Се' е подготвено за големиот спектакл на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Попладнево, со почеток во 15.30 часот во квалификациите за Европското првенство за фудбалери до 21 година се среќаваат репрезентациите на Македонија и на Англија. Тоа ќе биде трета меѓусебна средба на двете репрезентации. Англичаните пред четири години не победија со 3:0, во Скопје беше 1:1. Англија е голем фаворит за првото место во групата во која покрај овие две репрезентации играат и селекциите на Грција, Португалија и на Литванија. Македонските млади фудбалери ја имаа таа „среќа“ да се најдат во најсилната група во која веќе одиграа еден меч - во гости против Грција кој го загубија со 3:1.

И попладнево во Прилеп ги очекува тежок меч со оглед дека во репрезентацијата на Англија играат повеќе фудбалери кои настапуваат во Премиерлигата. Тоа се: Дени Велбек (Манчестер јунајтед), Даниел Стариџ (Челзи), Киран Гибс и Џек Вилшер (Арсенал), Кајл Нејтон (Тотенхем), Мајк Ричардс (Манчестер сити)...

Плејада одлични фудбалери кои очекуваат сигурна победа во Прилеп. Тие вчера допатуваа од Лондон до Охрид а потоа заминаа за Битола каде вчера на стадионот Под Тумбе Кафе го имаат единствениот тренинг за мечот со Англија. Сместени се во хотелот „Епинал“. Денес пред мечот ќе заминат за Прилеп.

Нашите фудбалери до вчера тренираа во својата база во Охрид, беа сместени во хотелот „Парк“, а веднаш по средбата со Англија повторно се враќаат во Охрид бидејќи веќе во среда на 9 септември, повторно во Прилеп играат со Литванија.

„На подготовките бевме комплетни, свесни сме дека играме против една силна репрезентација во која има повеќе познати играчи кои настапуваат во Премиерлигата на Англија, но тоа ќе биде мотив повеќе за нашите фудбалери да се надигруваат со големиот противник. Имавме можност да видиме неколку натпревари на видео-снимките што ги одиграла репрезентацијата на Англија на последното Европско првенство. Силни се, мошне опасни во нападот, особено од прекини на играта на што треба многу да внимаваме“, беа зборовите на новиот селектор на младата репрезентација Бобан Бабунски. „Очекувам дека и љубителите на фудбалот во Прилеп ќе ни помогнат со својата поддршка од трибините“.

„Против Грција направивме многу грешки во одбраната кои скапо не чинеа“, со уфрли во разговорот голманот Кристијан Наумовски. Не смееме да ги повториме. Англичаните се мошне брзи, тоа го видовме на видео-снимките од нивните натпревари, мораме да им се спротивставиме со мирна игра, не смееме да им дозволиме да се разиграат. Оваа сегашна генерација на Македонија има сили за подвиг“.

Мечот го суди Хуберт Стејвич од Полска. (М.М.)


#
Статијата е прочитана 587 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Шумуликоски
Шкотски покер со голем влог
За Стефанов, Грција сега е нашата шанса
Се' освен ЛШ неуспех за Вардар про
Федерер во третото коло
Цалдарис и Папаниколау остануваат дома
Ивановиќ
Подвиг на Грабулоски во Бугарија
Рафаел Надал