Број 3078  петок, 04 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Федерер во третото коло

Швајцарецот го победи Германецот Гроил и ја оствари 37. победа во низа на УС-опен

Првиот светски тениски рекет, Швајцарецот Роже Федерер ја оствари и 37. победа во низа на УС-опен. Тој славеше против Германецот Симон Гроил со 6:3, 7:5 и 7:5 и стигна до третото коло во кое противник ќе му биде Австралиецот Лејтон Хјуит. Роже Федерер на американскиот гренд-слем турнир победуваше во последните пет години и ќе се обиде да го освои својот шести наслов едноподруго, со што ќе стане првиот тенисер кој успеал да победува шест пати во низа по Бил Тилден кому тоа му појде од рака во 1920 година.

Последен меч кој Федерер го загуби на УС-опен беше оној против Аргентинецот Давид Налбандијан во осминафиналето во 2003 година, а сега ќе се обиде да го сопре Лејтон Хјуит бившиот тениски број еден кој во 2. коло го совлада Аргентинецот Хуан Игнасио Чела со 6:3, 6:3 и 6:4.

„Ако му се погоди вистински ден, бившиот тениски рекет број еден може да биде многу опасен. Затоа морам да внимавам и брзо да влезам во мечот, да не му дозволам да поведе, затоа што секако нема да се предаде без борба“, изјави Федерер, кој против Хјуит има скор од 15:7, а славеше во последните 13. меѓусебни меча.

Федерер ја коментираше и лесната победа на Рафаел Надал во неговиот повратнички меч на еден гренд-слем турнир по Ролан Гарос и повредата на двете колена. Против Ришар Гаске Надал славеше со 6:2, 6:2 и 6:3.

„Сјајно е што се врати. Се чини дека му оди добро. Победи лесно и тоа е одлично. Ако е физички добро подготвен може далеку да дотурка. Ако е така ќе биде тешко да се сопре“, додаде Швајцарецот кој со годинашниве заработени 5.200. 000 долари стигна до бројката од 50 милиони зелени банкноти на своето конто.

Марат Сафин ќе го памети Австриецот Јирген Мелцер. Рускиот тенисер беше поразен од него со 1:6, 6:4, 6:3 и 6:4 со што ја заврши својата гренд-слем кариера. Имено, ова беше последен настап на некогаш најдобриот во светот, а денеска 58. играч на АТП-листата. Темпераментниот Русин, кој скршил повеќе од 300 рекети за време на своите мечеви и кој во 2000 година го освои УС-опен со победата над Пит Сампрас, поразен е од 38. играч. Многумина се убедени дека Марат Сафин можеше да постигне многу повеќе, но неговото поимање на тенисот го сопре на две гренд-слем титули и 15 АТП-наслови. За тој скор сонуваат многу „сериозни“тенисери. Сепак, Марат се реши на варијанта малку тенис, малку жени, сето тоа миксано со вотка, живот со кој стигна таму каде што е. А, тој вели супер е!

Поважни резултати 1. коло: Дел Потро (6) - Монако 6:3, 6:3, 6:1, Надал (3) - Гаске 6:2, 6:2, 6:3, Алмагро (32) - Дарсис 6:2, 6:4, 2:6, 7:6 (8), Фереро (24) - Санторо 6:4, 6:3, 6:3, Мелцер - Сафин 1:6, 6:4, 6:3, 6:4, Монфилс (13) - Чарди 6:1, 6:4, 6:3, Бек - Королев 6:3, 6:4, 2:6, 2:6, 6:4, Кифер - Лодра 6:3, 6:4, 6:4.

2. коло: Федерер (1) - Гроил 6:3, 7:5, 7:5, Хјуит - Чела 6:3, 6:3, 6:4.

2. коло: тенисерки: С. Вилијамс (2) - Цинк 6:1, 6:1, Вознијак - Морезмо (17) 6:4, 6:0, В. Вилијамс (3) - Малек 6:4, 6:2, Пенета (10) - Мирза 6:0, 6:0, Звонарева (7) - Чакветадзе 3:6, 6:1, 6:1, Клистерс - Бартоли (14), 5:7, 6:1, 6:2, Флипкенс - Медина (20) 6:1, 6:3, Рибарикова - Чанг 4:6, 6:2, 6:2, Веснина (31) - Крајбс 7:6 (6), 6:1, На Ли (18) - Де Брито 6:1, 6:3, Кириленко - А. Радванска (12) 6:4, 2:6, 6:4.


#
Статијата е прочитана 362 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Спорт
Шумуликоски
Шкотски покер со голем влог
Фудбалски празник во Прилеп
За Стефанов, Грција сега е нашата шанса
Се' освен ЛШ неуспех за Вардар про
Цалдарис и Папаниколау остануваат дома
Ивановиќ
Подвиг на Грабулоски во Бугарија
Рафаел Надал