Цалдарис и Папаниколау остануваат дома
Литванецот на клупата на Грција Јонас Казлаускас вчера го објави списокот на 12 кошаркари, кои ќе излезат на терен в понеделник во првиот меч на ЕП во Полска против Македонија, а потоа и против Хрватска и Израел. Меѓу нив ги нема Деметрис Цалдарис, но и Костас Папаниколау, МВП на европското првенство за кошаркари до 20 години, што се одржа летово.
Ростерот го предводат Василис Спанулис, Никос Зисис, Антонис Фоцис, Јанис Бурусис, како и џинот Софоклис Скоцанитис, но треба да се обрне внимание и на двајцата 20 годишници од дијаспората Ник Калатис и Костас Куфос, кој е висок дури 218 см и е член на Јута џез.
На Евробаскетот во сино-белиот дрес ќе заиграат Спанулис (27, 193 см, Панатинаикос), Зисис (26, 197, Сиена), Калатес (20, 196, Панатинаикос), Калабокис (31, 198, Бенетон), Перпероглу (25, 203, Панатинаикос), Принтезис (24, 206, Олимпијакос), Костас Кајмакоглу (26, 206, Маруси), Фоцис (28, 209, Панатинаикос), Бурусис (26, 215, Олимпијакос), Куфос (20, 213, Јута џез), Андреас Глинијадакис (28, 216, Олимпијакос), и Скорцанитис (24, 208, Олимпијакос).
Како што се гледа двојниот европски шампион (1987 и 2005) ќе биде без шесте кошаркари на кои падна поголемиот дел од товарот во 2005 година во Белград, кога го освои златото: Папалукас, Дијамантидис, Царцарис, Василопулоос, Пападопулос, Хаџивретас. Сега од тој тим во составот се Спанулис, Зисис, Бурусис и Фоцис.
Марко Томас отпадна, во Полска оди СтоЈиЌ
Незаздравениот кошаркар на Реал Мадрид Марко Томас и дефинитивно отпадна од списокот на Јасмин Репеша, бидејќи, како што пишуваат хрватските медиуми, на турнирот мора да се носи здрав играч.
Репеша има 12 квалитетни и зрели кошаркари, па затоа се очекува да ги ротира сите, не само поради стилот на игра (висок интензитет, жестока одбрана, многу трчање), туку и поради турнирското натпреварување.
СрбиЈа меЃу наЈмладите на ЕП, никоЈ постар од 26 години
И селекторот на Србија Душан Ивковиќ го состави конечниот тим кој ќе настапи во Полска. Во последен момент се откажа од Душан Кецман и Зоран Ерцег. На списокот се наоѓаат Тепиќ (22 години), Трипковиќ (23), Теодосиќ (22), Марковиќ (21), Немања Бјелица (21), Иван Пауниќ (22), Мачван (19), Радулјица (21), Величковиќ (22), Перовиќ (24), Поповиќ (26), Крстиќ (26). Првиот меч на ЕП Србија го игра со Шпанија, а потоа и со Словенија и В.Британија.
|