Број 3407  петок, 15 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter

Концерти

Наезда од бивши ЈУ-пејачи

Започна есенска музичка сесија во која се најавуваат гостувања и концерти на многу пејачи, а најбројните се српските и хрватските

Бојан Шашевски

Уште пред некоја недела финишираше летната музичка авантура, посетителите на отворените фестивали, свирки и журки, се преселија во потопли простории, па сега дојде време огранизаторите да се ориентираат кон новите есенски и зимски концертни и клупски збиднувања.



Фестивалски денови, концерти и музички манифестации

Иако литиумци се' уште не објавија позначајни детали околу листата на учесници за претстојното, дванае��етто издание на „Таксират“, познато е дека настап на големото декемвриско музичко збиднување ќе има новопечениот лондонски алтернативен рок-бенд „Вајт лајс“. На сцената во арената „Метрополис“ треба да се качат и членовите на составот „Парадајс лост“, едни од пионерите на готик-метал призвукот. Истата вечер присутните ќе можат да уживаат во стилските варијации на германскиот реге-артист Џентлмен, придружуван од „Д Еволушн“, но и босанското ска-реге-рок лудило „Дубиоза колектив“, кои во своите текстови имплементираат политички тематики, како котраудар и критика на национализмот и нетолеранцијата во регионот. Сиве гостувања беа потврдени во концертните агенди на нивните „Мајспејс“ профили, но и на официјалната „Фејсбук“ страница на организаторот на седумдневниот фестивал. Имено, „Таксират 2010“ ќе се одвива од 27 ноември, па се' до 4 декември, денот кога е закажано финалното музичко доживување. Фестивалската програма ќе опфати повеќе концерти низ различни локации низ Скопје, инволвирајќи и неколку промотивни настани. Така, по „Д Рил Мекензис“, на 20 октомври во „Колосеум“ ќе гостува арт квартетот „Нувел Ваг“. Францускиот инвентивен музички колектив, предводен од дуото Марк Колин и Оливие Либо, преработува познати њу вејв и панк класици, успешно доближувајќи и се на публиката со аранжмани на боса-нова звуците од шеесетитте години на минатиот век. Дел се од движењето „Реобновување на француската шансона“, повеќе филмски и документарни проекти, притоа добивајќи планетарна идентификација од слушателите и продажба на над половина милион носачи на звук.

Доколку некој залутан турист ве праша за „Скопје џез-фестивал“, вие како од пушка сигурно ќе му одговорите дека се работи за еден од нашите најреномирани музички соединувања, повеќегодишна традиционална манифестација, сублимат на квалитетни музичари од светот на џезот. Овој пат, фестивалот ќе се распространи во периодот од 21 до 24 октомври, ќе бидат претставени 12 концертни изданија, а програмата ќе се реализира во просториите на Универзалната сала, Македонската опера и балет и клубот „Хард рок“. Во рамките на четиридневниот џез-фестивал се предвидени музичари од Бразил, Куба, Сад, Белгија, Норвешка, Италија и Нов Зеланд.

Премиерниот ден ќе биде отворен со композиторот и пијанистот Омар Соса – беспрекорно соединување на џез, етно и електроника со афрокубанска подлога. На сцената треба да се качат и Италјанката Марија Пија де Вито, претставувајќи го пред аудиториумот проектот „Мајнд д геп“. Вториот и третиот ден ќе го донесат американскиот гитарист со богато тридецениско музичко творештво, освојувачот на „Греми“ Лери Карлтон, бразилскиот квинтет предводен од Хамилтон де Холанда и неговото полифонично свирење со десетжичната бразилска мандолина, потоа 14 члена на белгискиот ансамбл „Флет еарт сосајти“, но и Патриша Бергер, американска пијанистка со неконвенционален џез-глас и инвентивен стил. За 24 октомври, финалниот ден на „Скопје џез-фестивал“, организаторот Белопета веќе традиционално им ја посветува на норвешките музичари. Годинешни скандинавски претставници ќе бидат дуото Фроде Халтли и Твегне Сеим, како и Терје Пипдал со седумчлениот „Бергер биг бенд“. Полноќните свирки во клубот „Хард рок“ ќе ги донесат сестраниот Јури Онинг и неговиот џез-рок-грув бенд „Вајрд парадајс“, Бразилката Пола Мореленбаун, свежиот музички проект на Кахил Ел’ Забар и Ернест Доукинс - „Д Етникс“, а завршната вечер ќе биде резервирана за џез-панк групацијата „Аронас“, предводени од Новозеланѓанецот Арон Отињон, еден необичен мајстор за пијано.

Во мај годинава во Врњачка Бања се одржуваше тридневниот „Српски радиски фестивал“, па по успешната соработка со домаќинот на настанот, каде што Антонио Димитриевски беше член на жирито во првиот ден, а Влатко Илиевски пееше на гала-вечерта, сега се најавува дека северните соседи ќе бидат почесни гости на годинешното издание на „Марс“ - Македонски радиски фестивал, планиран за идниот месец. Претставници од македонската радиоселекција ќе бидат членови на жирито, а во ревијалниот дел ќе настапат дел од мајските добитници на награди.

Иако „Нота фест“ лани паузираше, најавено е дека во текот на ноември повторно ќе биде обновен фестивалот на албанската забавна песна. „Златно славејче“ ќе се одвива од 8 до 14 ноември, а Советот на фестивалот за детска песна и Сојузот за грижи и воспитување на децата од Град Скопје веќе од март го распишаа традиционалниот конкурс за избор на детски песни за предучилишна и училишна возраст. Познато е дека во последниот месец од годината во Универзалната сала ќе се одржи и музичката манифестација „Ромски фолк хит“.

Како и многупати претходно, клубот „Ритам плус“ ќе организира натпревар во модерни танци со разнобојна еклектична кореографија, овој пат, акцентирајќи го латиноамериканскиот танц. Најверојатно, Универзалната сала ќе биде годинешниот домаќин на настанот.

Ексклузивците на „Република продукција“, дуото Панчо и Андреј, алијас ДНК, откако го промовираа албумот „Кажано е се'“, дојде време да направат и концерт, предвиден за периодот пред Нова година. Исто така, Влатко Лозаноски ќе ги испее најголемите хитови на својот целовечерен концерт на стартот од 2011 година, кој, според информациите, треба да се одржи некаде во февруари. Истиот месец треба да го избереме и македонскиот патник за „Евровизија“, нашиот претставник за годинешното германско издание.

Во спортскииот центар „Борис Трајковски“ ќе се случува голем новогодишен музички спектакл, но учесниците и деталите околу прославата се' уште се непознати.



Ексјугословенска инвазија

Туристичката агенција „Гуливер Милс“, главно, ќе се насочи кон презентирање на балканските музички ѕвезди, и тоа сите во спортскиот центар „Борис Трајковски“. Најпрво, по цели осум години, хрватската поп-ѕвезда Северина Вучковиќ ќе одржи голем целовечерен концерт во Скопје, кој по Белград, Загреб, Нови Сад и Љубљана, ќе значи завршница на турнејата „Здраво, Маријо!“ – името на нејзиниот актуелен албум. Како гостин ќе се појави Горан Бреговиќ, композиторот и соработникот на темите од последното музичко парче. Неконвенционалниот концерт ќе содржи театарски манир, а Севе ќе игра, ќе пее, ќе глуми, ќе менува костими, придружена од 25 танчари и група тамбураши. Бившата сопруга на Аркан, балканската естрадна феноменка Светлана Ражњатовиќ-Цеца, ќе запее на 26 ноември. Цеца во 2005 година го наполни Градски, имаше изведба пред прилепчани на „Пиво фест“, па следна дестинација ќе и' биде нашиот најголем спортски центар. Од агенцијата „Гуливер“ го најавуваат и миленикот на женската публика, Здравко Чолиќ. Чола по двата наменски настапА на скопскиот плоштад, ќе заигра и ЌЕ запее на предновогодишниот концертен настап, планиран за 25 декември.

Дека есенва ќе биде во шпицот на ексјугословенските изведувачи, зборуваат и најавите за Карлеуша, Јосипа Лисац, Жељко Самарџиќ, „Бијело Дугме“, „Рибља Чорба“...

По успешно изведените концерти во Белград и ВО Загреб, Жељко Самарџиќ на 22 октомври ќе настапува во салата „Борис Трајковски“. Мостарскиот пејач со белградска адреса, кој зад себе има 1.300 солистички концерти и над 2.500.000 продадени носачи на звук, за македонските обожаватели подготвува специјално солистичко шоу. Страсниот колекционер на чевли, љубителот на скапи автомобили и делата на босанските уметници најави дека на сите концерти изведувал по една песна од Тоше Проески, па. најверојатно. ќе го зачини и овој настап со некоја тема од македонската поп-икона. Неговото повторно појавување е производ на колаборацијата меѓу белградскиот „Мјузик стар“ и „Октопус ентертејмент“ од Скопје.

Бора Чорба и останатите членовите од легендарниот рок-состав „Рибља Чорба“ на 5 ноември во Универзалната сала треба да донесат едно поинакво, необично концертно искуство. За прв пат, балканските рокерите ќе музицираат заедно со гудачки оркестар, а за потребите на специфичниот настап, салата ќе биде соодветно приспособена, со изваден партер.

Има официјална најава дека Јелена Карлеуша на 20 ноември предвидува сладок спектакл за обожавателите, во кој, најверојатно, како и последниот настап во „Белградска арена“, ќе прави егзибиции и ќе се спушта со јажиња до публиката.

Дивата Јосипа Лицас ќе се качи на сцената во нашата најголема сала за организирање приредби. Од „Авалон продукција“, организаторот на концертот, навија дека на 31 ноември музичката бивша ЈУ-лисица“, која е отсутна речиси цела деценија од концертните збуднувања во државата, треба да запее во придружба на повеќеброен жив оркестар. Таа моментално е актуелна со песната „Калино моме“ - заедничката соработка со Гарабет Тавитјан и синовите. Авалонци за македонските концертни посетители најавуваат уште една странска музичка ѕвезда до крајот оваа, како и уште 10-15 реномирани бенда до крајот на 2012 година. Неофицијално, дознавме дека набрзо во Универзална сала ќе настапи и босанскиот изведувач Хари Мата Хари. Деталите од организаторот ќе следуваат наскоро.

Во залез е светската турнеја на „Бијело дугме“, а според гласиштата, во залез е и кариерата на Жељко Бебек, па излетаа информации низ медиумите дека нивниот концерт на 11 октомври во „Метрополис арената“ ќе биде именуван „За последен пат во Скопје“. Секако, итрите маркетиншки трикови никогаш нема да го достигнат својот залез, но се' уште не се појавени детали околу потенцијалниот настап на Исламовиќ, Тифа и Бебек.

Македонската публика е редовна станица за носталгичните балкански изведувачи, па ништо чудно доколку во новата година не ги видиме и Оливер Драгоевиќ, Жељко Јоксимовиќ или Владо Георгиев...

Гостувања низ клупската сцена

Во скопскиот клуб „Кастро“, традиционално гостуваат мошне интересни алтернативни, рок, панк, метал, ска и реге групации, па од таборот на клубот веќе почнаа да ги објавуваат странските имиња за престојната есенска сезона. Првиот поголем настан ќе се случи на 19 октомври, кога тројката од „Монозоид“ ќе биде задолжена за анимиција на посетителите. Возбудливиот бенд од Лајпциг, Германија, ќе го демонстрира својот пост-панк звук, а како локална придружба ќе се претстават дечките од „Беда експрес“. Октомвриското концертнен бран ќе биде заокружен со „Обитс“- рокенрол дружина од големото американско јаболко. Како загревање треба да се појави четиричлениот, прилично млад бенд, „ХАХАХА“. Петти ноември е резервиран за французите „Најн Елевн“ и хардкор-метал составот „Скриминг фор чејнџ“.

Викендов, 16 октомври, организацијата „К.Р.И.К.“ во клубот „Вулкан“ ќе го претстави стрит-панк бендот „Торо Браво“од Литванија. Како македонска подршка на свирката ќе биде скопскиот панк состав „Лоши деца“, но и членовите на пробиштипскиот „Крпен живот“. Српскиот рок-метал бенд „Алогиа“ годинава го прославуваат своето децениско постоење, па на 30 октомври ќе го одбележат јубилејот со концерт во зимскиот клуб „Хавана“. На истиот настан, можност за звучна пресметка со присутните ќе имаат и нашите „Хол оф синс“ и „Декаденс“.

Заврши летната електронска шема во отворениот простор на „Колесеум“, па сега, откако стартуваше новата клупска сезона, во истоимениот зимски клуб на 21 октомври свој сет ќе има швеѓанецот Ерик Приц, диџеј, продуцент и сопственик на дискографските куќи „Прида Рекордс“ и „Маусвил“, кој моментално живее и работи во Лондон. Џејми Абиела треба да се качи позади диџеј пултот на 11 ноември, додека на 2 декември ќе биде презентирана музичката селекција на летечкиот холанѓанец Фери Корстен, некаде нарекуван и како „Систем Еф“. Продуцентот и ремиксерот на транс сцената е активен повеќе од две децении, а неговите сетови придодаваат и современи нијанси од електро, техно и хаус музика.

Љубителите на психоделичниот прогресивен звук ќе имаат можност на 20 ноември да го слушнат проектот „Симфоникс“. Македонската промотерска куќа „Дистант Поинт“ сеуште не објави подетални информации за настапот на германското дуо, но сепак, присуството на гостинот беше официјализирано на различни интернет портали, како и на нивниот „Мајспејс“ профил.

Драм енд бејс артистот „Еј сајдс“ на 23 октомври ќе пушта музика во старата скопска чаршија, поточно во клубот „Капан ан“. По повод пет години постоење на групацијата МЈМ, настапот на британскиот ветеран, диџеј, продуцент и инженер ќе претставува третта од петте предвидени забави кои треба да се случат до крајот на годинава. По него, на 13 ноември, клупските ноќни птици ќе можат да ги видат и чујат „Блу Мар Тен“ – петнаесетгодишна надградба и есенција од драм енд бејс, електроника, хаус, техно, амбиентална музика и др.


#
Статијата е прочитана 1149 пати.

Испрати коментар

Од: MARTIN
Датум: 15.10.2010 19:01:04
bogata programa , kvalitetna , raznovrsna ! ima samo edno AMA !!! a toa e faktot shto seto toa se sluchuva samo vo Skopje , a drugite gradovi vo Makedonija se teshka provincija ! pa zarem samo Skopje e Makedonija !!!??? ako e taka ( a ne e ) , krstete se Republika Skopje ! zatoa site begaat od vnatreshnosta vo Skopje , mladite se nasekade mladi,sakaat kvalitetna zabava ! i biznis i kultura,sport,zabava , politika , shkolstvo, se napikavte vo toa Skopje !
Од: exorcist
Датум: 15.10.2010 21:18:21
Site sto perta pari na vakov nacin ke odgovaraat pred sudot i pred narodot.. nemoj da mislite deka ke se spasite predavnici..

Најди! во Утрински
Насловна
Магазин
Тиквешански
Наjдолгата смена
Македонско-бугарски историски контроверзии (6)
Никој не успеа да го замени
Забрана за снимање во Босна
Непотизмот е опасен вирус на Медицински
Денот на булката
Во Нов Зеланд алкохолот поевтин од водата
Едните бараат младост, другите искуство
Мандат на кредит
Ајша доби нов нос и... живот
Самарас му рече збогум на Мицотакис
Металург го прегази Вардар во дербито
Валканиот ендек
Жртва на погрешна дијагноза за ракот на дојката
Кој ако не сестра?
Чиле слави за спасените
Запленети еден милион лажни лекови
Јатрви на плот
Бебињата на вештачка храна склони кон дебелеење
Фиџи не знае каде им е независноста
Антихороскоп
Стил
Неделен хороскоп
Или газда на општествен стан, или со куферите надвор
Контрадикторна
Отворете очи, врие од отровни играчки!






MEPs voice outrage over Romania's media policy
Hungarian parents paid to keep toddlers at home
Bulgaria deploys helicopters to hunt tax dodgers