Број 3407  петок, 15 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter

Антихороскоп

Овен

Самобендисани типови, секогаш мораат да бидат шефови и главни во се'. Причината, најверојатно, е нешто „мало“ на нивното тело. Тие се како бебиња - ако не е по нивно, чувајте се!



Бик

Самозадоволни молчаливи мочковци, здодевни како клуб на филателисти. Тие би јаделе и пиеле со денови. Притоа, нивната тврдоглавост, доколку не ги послушате, прераснува во агресија.



Близнаци

Главни озборувачи и трачери, поткажувачи и превртливци со двојни мерила кои се менуваат секои 10-15 минути. Веројатно и Јуда бил близнак. Гледајте да ги немате во близина.



Рак

Посесивни персони, се навредуваат ако не им посакате добро утро со правилна ��нтонација. Го менуваат расположението како ќе им дојде на ум и се затвараат во соба - да си поплачат.



Лав

Арогантни, вечни потценувачи, полни со големи планови за се' што на крај им користи само ним (како да им е гајле за другите). Празни муабети и фалење - тоа им е смислата на животот.



Девица

Опсесивно-компулсивни невротици кои се ослободуваат од стрес со чистење на станот, сложувајќи ја облеката и порцеланот. Премногу бараат, здодевни се во барањата и ни премногу не им е доволно.



Терезија

Нарцисоидни шизофреници, огледалото им е најдобар пријател, им треба една недела да се одлучат сакаат ли да нарачаат „кока-кола“ или „пепси“. Толку се мрзливи што е вистинско чудо како воопшто стануваат од кревет.



Скорпија

Самосожалувачки автодеструктивци кои ни својата кожа не можат да си ја поднесат, па мораат да повлечат уште 100 луѓе со себе. Утре да е крај на светот, тие не би се грижеле, веројатно би учествувале во садо-мазо оргии.



Стрелец

Расипи-куќа и коцкар, ужива да соли памет, а ентузијазмот им е толку голем што да оживат мртви за нив е сосема возможно. Се ужасуваат да признаат дека го познаваат чувството на тагата.



Јарец

Прави тирани и робови на работата, веруваат во судбина до последен збор, а „извини“ не постои во нивниот речник. Би го продале задникот за општествен статус, сакат да се фалат, нарцизоидни типови што мислат само на себе.



Водолија

Вулгарни и непристојни перверзници, вечно заинтересирани за приватниот живот на другите. Веројатно не изненадува фактот дека според статистичките податоци, најголем број од шпионите на ЦИА се токму Водолиите.



Риби

Здодевно романтични и меланхолични, чекаат некој да дојде и да ги утеши, не можат ни во веце да одат без туѓа помош. Изгледаат како немтур, а во нив се случува вистинска бура од тага.


#
Статијата е прочитана 804 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Магазин
Тиквешански
Наjдолгата смена
Македонско-бугарски историски контроверзии (6)
Никој не успеа да го замени
Забрана за снимање во Босна
Непотизмот е опасен вирус на Медицински
Денот на булката
Во Нов Зеланд алкохолот поевтин од водата
Едните бараат младост, другите искуство
Мандат на кредит
Ајша доби нов нос и... живот
Самарас му рече збогум на Мицотакис
Металург го прегази Вардар во дербито
Наезда од бивши ЈУ-пејачи
Валканиот ендек
Жртва на погрешна дијагноза за ракот на дојката
Кој ако не сестра?
Чиле слави за спасените
Запленети еден милион лажни лекови
Јатрви на плот
Бебињата на вештачка храна склони кон дебелеење
Фиџи не знае каде им е независноста
Стил
Неделен хороскоп
Или газда на општествен стан, или со куферите надвор
Контрадикторна
Отворете очи, врие од отровни играчки!






MEPs voice outrage over Romania's media policy
Hungarian parents paid to keep toddlers at home
Bulgaria deploys helicopters to hunt tax dodgers