|
Отворете очи, врие од отровни играчки!
Кинеските играчки содржат токсични материи штетни за здравјето на децата
Жаклина Ѓорѓевиќ
Тешки метали, олово и хром содржат кинеските играчки што се продаваат на пазарот, обелодени вчера Центарот за истражување и информирање на животната средина „Екосвест“, презентирајќи ги резултатите од истражувањето за присуството на опасни хемикалии во земјава. Токсични материи се пронајдени и кај 92 процента од 40-ина козметички производи што се проверени, како и кај 33 отсто од 20 проверени средства за хигиена во домаќинствата. Истражувањето е реализирано од почетокот на годинава според стандардите на ЕУ.
„Избегнувајте играчки или предмети што интензивно мирисаат. Играчките што се пластични или дрвени и се со интензивни бои, многу веројатно дека се токсични. Кај играчките пронајдовме фталати, кои се пластификати, односно се додаваат на пластиката за да биде поиздржлива, а кај децата емитуваат женски хормони“, предупреди Ана Чоловиќ-Лешоска, директорка на „Екосвест“. Таа вели дека кај некои домашни средства за хигиена не е означено што содржат, иако стои дека треба да се внимава ако се употребуваат. На производите, според неа, нема ниту ознаки дека се токсични. Затоа таа апелира до граѓаните да се користат традиционални производи или производи со проверен квалитет.
Меури од сапуница, пластични диносауруси, топки, гитари на дување, фломастери, топчиња за рекети, животински фигури, кадифени коцки, јо-јо играчки, кукли, базени и чамци за деца на дување, дрвени сложувалки, сетови за шминкање чија земја на потекло најчесто е Кина, се дел од лепезата производи за кои во истражувањето е посочено дека содржат токсични материи.
Освен кај играчките што во најголем дел се од Кина, токсични материи се најдени кај козметичките производи, кај кои е регистрирано присуство на формалин. Штетните хемикалии пронајдени кај козметичките производи може да предизвика иритација на кожата и на очите и разни алергии.
Драгана Угриновска, координаторка на проектот „Опасни хемикалии во Македонија“, појаснува дека целта на истражувањето е да се информира јавноста за можните штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето. „На голем број производи не е наведен процентот на хемикалијата што се смета за штетна“, изјави Угриновска.
Двете претставнички на „Екосвест“ најавија дека резултатите од истражувањето ќе ги испратат до надлежните инспекциски служби. Во наредниот период тие најавија дека ќе спроведат и истражување за присуството на жива во организмот. |
#
|
Статијата е прочитана 1534 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: JELENA |
Датум: 15.10.2010 12:42:21 |
|
Neznam dali ima mesto za komentar,no se prasuvam kade e odgovornosta na tie sto dozvolile da se uvezat ovie igracki,kade e samo bendisaniot direktor na carinata i timot sto dava dozvoli za uvoz.... |
|
|
|
|
|
|
Од: graganin |
Датум: 15.10.2010 13:35:24 |
|
zoshto ne zamarate so vakvi izvestuvanja? se shto treba graganite da chujat e deka izvesni prizvodi se povlecheni od prodazba poradi toksichni elementi vo sostavot !!! i pri toa odgovornite da im se izvinat na graganite !!!! kade ziveam jas??? kako e vozmozno vo drzavava otrov da im se prodava na deca i nikoj da ne e odgovoren za toa??? |
|
|
|
|
|
|
Од: milco |
Датум: 15.10.2010 14:04:59 |
|
megu redovi kazano ,seti se kume
ne kupuvajte kioneski igracki kupuvajte igracki od djambo ,,,,,, treba da se zatvorat drugite prodavnici ,,, |
|
|
|
|
|
|
Од: Milka |
Датум: 15.10.2010 14:36:14 |
|
...i vo Jambo ima kineski igracki, za zal. Sepak, zosto ne se posocat igrackite i drugite otrovni predmeti, ke gi raspoznavame samo po intenzivniot miris?Treba tocno da se posocat koi se so sliki, so detalen opis, a ne samo deka se proizvedeni vo Kina. Pa ima i original NIKE patiki koi se proizvedeni vo Kina. |
|
|
|
|
|
|
Од: coki |
Датум: 15.10.2010 20:34:47 |
|
i znaci otrovnosta kaj produktite pronajdena, a tie seuste na raftovite vo prodavnicite! ova go ima samo vo makedonija! produktite treba vednas da se povlecat od pazarot, graganite da se predupredat tocno za koi produkti stanuva zbor so cel da gi isfrlat od svoite domovi i potoa da se trgne vo pohod po iznaoganje na firmite sto gi uvezle produktite i preispita legitimnosta za uvoz i se razbira odgovornite da se kaznat! postapkata i ne e taka slozna,ama kaj nas se sto se pocne tesko da se dovrsi! taka da narode trujte se! |
|
|
|
|
|
|
Од: lula |
Датум: 16.10.2010 10:28:12 |
|
Ova ne drzi voda, ako zdruzenieto stoi pozadi svoite ideali treba vednas so ime i brend da gi etiketiraat igrackite kako sto se pravi nasekade i se povlekuvaat od prodazba. Instituciite moze i nema da reagiraat... Vo kineskite igracki gi ima vo najgolem procent, a vo skapite brendovi vo pomal. Otkoga se otkrieni olovnite prasoci za proizvodstvo na boi od togas i gi ima nasekade, vo garderoba, igracki, itn. Retki se firmite ko lego sto nemaat toa. A ftalati i Bisphenol A ima vo PET1 PVC i PS 6, sto znaci vo sisinja za voda (site se PET), vidi ambalazi na kiselo mleko, jogurt, namazi, i slicno. Znaci i vo hranata gi ima. A kadmium, olovo, hrom, ziva ima i vo vodata i zemjata, posto se e zagadeno pa ottamu i vo hranata sto ja jademe. Istrazete ke vidite. |
|
|
|
|
|