Број 3407  петок, 15 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter

Поглед

Мандат на кредит

Сања Наумовска

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, си посака втор мандат. Не за друго, туку за да ги врати кредитите со кои ќе ги гради катните гаражи. Таман кога го нападнаа дека се задолжувал со грејс-период од две години за да го намести својот наследник да ги плаќа ратите, Трајановски си смисли соломонско решение, ќе си остане во фотелјата. Око не му трепна и пред целата јавност сам си рече дека сака уште еден мандат. Ќе се жртвува да не оштети некој друг, па тој самиот ќе си брцнува во буџетот и со парите на скопјани ќе ги отплатува гаражите. Сигурно е дека ќе му биде мачно да пл��ќа, а граѓаните да му фаќаат сеир.

Градот Скопје ќе зајми осум милиони евра од банка за да направи две катни гаражи во центарот на градот. Дел од парите ќе ги врати со продажба на деловниот простор, но најголем дел ќе треба да се платат од буџетот. Отплатата треба да почне токму на крајот од мандатот на Трајановски. Тој ќе ги изгради објектите и ќе си ги впише како заслуга, а следниот што ќе седне во неговата фотелја ќе ги плаќа сметките.

Освен ако не се оствари замислата на градскиот татко. Да си заседне уште четири години. Можеби на следните избори ќе не' изненади со уште поголема програма од претходната „Заедно за Скопје“. Во првата има стотици различни планирани проекти, со кои им ги освои срцата и гласовите на скопјани. Иако идејата за изградба на катни гаражи не доаѓа изворно од програмата, туку од повисоко ниво, сепак, заслугата ќе биде на градската власт. И обврската да плаќаат долгови, се разбира. Затоа во новата програма Трајановски можеби ќе ги вметне и веќе направените објекти за кои се задолжил со кредити. Со нив сигурно ќе им ги освои џебовите на граѓаните.


#
Статијата е прочитана 908 пати.

Испрати коментар

Од: CITATEL OD PRILEP
Датум: 15.10.2010 15:02:38
Nisto neka ne ve cudi. Dobro poznata praktika na gradonacalnicite od VMRO - DPMNE. Toa e skola od Gligor Ivanoski gradonacalnik od 1996-2000 godina. Istiot davase akceptni nalozi bez pokritie, bez javni nabavki i sl. A seto toa go plakase Saso Pirganoski. Smetkata na komunalnoto oddelenie bese blokirana za budjet od 4 godini. A taka ke bide se dodeka ne se najde sudija sto ke gi osudi vistinskite kriminalci a ne da sudi po naracka.

Најди! во Утрински
Насловна
Магазин
Тиквешански
Наjдолгата смена
Македонско-бугарски историски контроверзии (6)
Никој не успеа да го замени
Забрана за снимање во Босна
Непотизмот е опасен вирус на Медицински
Денот на булката
Во Нов Зеланд алкохолот поевтин од водата
Едните бараат младост, другите искуство
Ајша доби нов нос и... живот
Самарас му рече збогум на Мицотакис
Металург го прегази Вардар во дербито
Наезда од бивши ЈУ-пејачи
Валканиот ендек
Жртва на погрешна дијагноза за ракот на дојката
Кој ако не сестра?
Чиле слави за спасените
Запленети еден милион лажни лекови
Јатрви на плот
Бебињата на вештачка храна склони кон дебелеење
Фиџи не знае каде им е независноста
Антихороскоп
Стил
Неделен хороскоп
Или газда на општествен стан, или со куферите надвор
Контрадикторна
Отворете очи, врие од отровни играчки!






MEPs voice outrage over Romania's media policy
Hungarian parents paid to keep toddlers at home
Bulgaria deploys helicopters to hunt tax dodgers