Број 3407  петок, 15 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter

Самарас му рече збогум на Мицотакис

По ќерката Дора Бакојани, Самарас го отстрани од
Нова демократија и таткото, Константинос Мицотакис

Миркица Поповиќ


Атина - Завршува уште една љубовна приказна во грчката политика. Адонис Самарас му кажа збогум на неговиот поранешен ментор и долгогодишен лидер на Нова демократија, Константинос Мицотакис, и на тој начин, де факто, го исклучи од партијата.

Причината беше јавната изјава на Мицотакис во интервју за грчката телевизија Мега дека Самарас е популист и не гледа светла иднина за Нова демократија се' додека тој е лидер.

„Самарас е популист, таква е неговата политика. Толку колку што имаше прав�� Јоргос Папандреу пред ланските избори да каже дека има пари, толку има право и Самарас да тврди дека може да ги реши проблемите и да го намали долгот до нула во текот на 2011 година. Нема сомневање дека Самарас е популист“, истакна почесниот претседател на Нова демократија, Мицотакис, додавајќи дека доколку продолжи со таква политика никогаш нема да стане премиер.

Како што пренесуваат грчките медиуми, чудно е како досега Мицотакис издржал да не му упати јавна критика на новото раководство на неговата партија, особено по индиректниот притисок од Самарас што беше извршен врз неговата ќерка Дора Бакојани да ја напушти Нова демократија.

Како што оценуваат грчките аналитичари, ова е последен удар во долгогодишната контра меѓу поранешниот и сегашниот лидер на Нова демократија. Самарас од миленик на Мицотакис во 80-тите години дојде и министер за надворешни работи, стигна до омразен противник поради ригорозната политика што ја тераше кон Македонија во спорот со името. Тоа доведе и до одделување на Самарас во нова политичка партија, за минатата година сосема неочекувано да биде изгласан за лидер на Нова демократија. Неочекувано, затоа што сите сметаа дека по поразот на Караманлис на изборите и неговото повлекување на сцена, конечно, ќе стапи Дора Бакојани. Контрата меѓу двајцата политичари, во суштина, е несогласувањето што од секогаш постоело во Нова демократија меѓу поекстремно популистичката десница и космополитите во партијата што имаат поумерени ставови и пософистициран начин на водење на политика.

Нова демократија не чекаше долго да одговори на изјавите на поранешниот лидер и да ја раскине врската меѓу сегашниот состав на партијата и Мицотакис. Го обвинија за поддршка на ПАСОК и Папандреу само четири недели пред локалните избори. „Нашиот народ има добро сеќавање и знаење. Добра ноќ, господине Мицотакис“, се вели во официјалното соопштение на Нова демократија, на овој начин неформално означувајќи го бркањето на почесниот претседател и долгогодишен лидер на партијата.

Аналитичарите оценуваат дека изјавата на Мицотакис многу добро ќе му послужи на Самарас за локалните избори независно од исходот. Доколку Нова демократија изгуби на локалните избори Самарас ќе ја префрли вината на Мицотакис и неговата изјава како катастрофална и раздорна за партијата, но и за довербата од граѓаните. Доколку победи, секако, ќе ја искористи како можност да ликува и да докаже дека успеал и покрај ниските удари на Мицотакис и Бакојани.

Покрај партиското соопштение со свои реакции се огласија и голем број од членовите на партијата. Јанис Манолис го обвини Мицотакис дека само ги вознемирува членовите, но и народот со ваква отровна изјава. „Мицотакис никогаш не му посакувал успех на Самарас ниту како лидер на Нова демократија ниту како потенцијален премиер. Мицотакис тврдеше дека ни Папандреу нема да стане премиер, но фактите покажуваат спротивно. Самарас ќе стане премиер, и тоа многу брзо“, истакна Манолис.

Интересни беа и реакциите на семејството на Мицотакис, бидејќи и неговиот син Кирјакос Мицотакис и ќерката Дора Бакојани се во политичките води. Кирјакос, кој е пратеник на Нова демократија и на почетокот на својата политичка кариера по интервјуто на Мицотакис изјави дека не се согласува со изјавата на неговиот татко и на тој начин се оддели политички од ставовите на семејството Мицотакис. „Со татко ми не се согласуваме за се'. Друго е тој, друго е Дора Бакојани, друго сум јас“, истакна Кирјакос и ја зацементира својата волја да остане во Нова демократија отфрлајќи ги гласиштата дека има намера да се префрли во партијата што ја формира неговата сестра.

Поранешната министерка за надворешни работи, која речиси една година е надвор од Нова демократија, Бакојани застана во одбрана на изјавата на нејзиниот татко. „Такви луѓе што не знаат што друго да кажат не може да кажат ’добра ноќ, пријатно‘ на човекот што со години имал придонес за партијата. Забораваат дека оваа партија има своја историја и во неа е забележано кој придонел, а кој ја уништувал партијата“, изјави Бакојани со остар тон.


#
Статијата е прочитана 1272 пати.

Испрати коментар

Од: Deki
Датум: 15.10.2010 12:15:13
Sekade i sekogas, kerkata e od stranata na tatkoto a sinot od stranata na majkata, mamin sin i tatina kerka!
Од: Amabsador
Датум: 15.10.2010 15:59:51
Nie ke uzlezeme od ovaa situacija samo ako primenime metod na dr Igor Janev: sovetodavnoto mislenje od MSP za legaltet na referencatga i pregovorite za Imeto!! Se drugo e prodavanje magla

Најди! во Утрински
Насловна
Магазин
Тиквешански
Наjдолгата смена
Македонско-бугарски историски контроверзии (6)
Никој не успеа да го замени
Забрана за снимање во Босна
Непотизмот е опасен вирус на Медицински
Денот на булката
Во Нов Зеланд алкохолот поевтин од водата
Едните бараат младост, другите искуство
Мандат на кредит
Ајша доби нов нос и... живот
Металург го прегази Вардар во дербито
Наезда од бивши ЈУ-пејачи
Валканиот ендек
Жртва на погрешна дијагноза за ракот на дојката
Кој ако не сестра?
Чиле слави за спасените
Запленети еден милион лажни лекови
Јатрви на плот
Бебињата на вештачка храна склони кон дебелеење
Фиџи не знае каде им е независноста
Антихороскоп
Стил
Неделен хороскоп
Или газда на општествен стан, или со куферите надвор
Контрадикторна
Отворете очи, врие од отровни играчки!






MEPs voice outrage over Romania's media policy
Hungarian parents paid to keep toddlers at home
Bulgaria deploys helicopters to hunt tax dodgers