Неделен хороскоп
Овен
Доколку сте напнати, морате да се контролирате. Конечно, можете да земете здив, ве очекува период на одморање и релаксирање. Проблемот е во тоа што не знаете за која варијанта да се определите. Честата промена на расположението е проследена со депресија, иако немате причина за таквата состојба, тешко ќе ја поднесете. Со партнерот склучивте примирје, па очекувате мирен период. Доколку сте слободни, ве очекува нова љубов.
Бик
Тешко ви е да се помирите со стварноста, која ни оддалеку не ги исполнува вашите очекувања. Доколку сакате да постигнете професионален успех, жртвите се неминовни. Во почетокот нема да ви биде лесно, но, стрпете се, па успехот нема да изостане. Здравствените проблеми ќе ги совладате доколку навреме се посветите на нивно санирање. Ве убива монотонија. Нова љубов е на повидок. Уживајте во прегратките на партнерот.
Близнаци
Иако сте опкружени со голем број луѓе, преферирате да бидете сами. Мудро влегувате во нови професионални потфати. Сфаќате дека нема што да изгубите. Кој ризикува, тој добива. Бидејќи не умеете на вистински начин да ја трошите енергијата, можни се здравствени проблеми. Нервната напнатост е реакција на недоволната самодоверба. Љубовта не ви е возвратена, но не разочарувајте се.
Рак
Импулсивни сте и реагирате во афект. Искрснаа проблеми на професионален план. Доколку се трудите да им помогнете на другите, не заборавајте на себе. Можни се проблеми со црниот дроб и со панкреасот, но не е исклучена можноста и за појава на камен во жолчката. Нема ништо поубаво од тоа кога Рак ќе се заљуби. Препуштете им се на партнерот и на уживањето. Пред вас се долги денови.
Лав
По многуте проблеми, влеговте во мирен период. Можно е, конечно, да добиете унапредување, кое доцни веќе долго време. Ако се земе предвид дека убавите работи стигнуваат во вистинско време, убаво сте расположени. Бевте загрижени, т.е. хипохондрични. Сфаќате дека немате причина за паника, па се чувствувате како нови. Паметниот попушта. Тоа, најверојатно, сте вие бидејќи на партнерот не можете да се потпрете.
Девица
Влеговте во период исполнет со среќа и со убави моменти. Од извесната ситуација очекувате многу, затоа и можете да се разочарате. Или многу работите или сте без работа. Со соработниците работите не стојат најдобро. Слабата точка на организмот се жлездите со внатрешно лачење. Бидејќи тие се поврзани со вашето расположение, потрудете се да го ублажите проблемот. Не очекувајте премногу од новиот партнер.
Терезија
Се чувствувате болно и се' што се случува околу вас, го доживувате емотивно. Убаво ви тргна, но ништо од финансиите. Вложувате многу напор за да успеете, ама не ви успева. Доколку се јават стомачни проблеми, обратете се на лекар. Исхраната сведете ја на разумна мера. Со партнерот се расправате околу парите. Го обвинувате дека многу троши. Сепак, се сложувате на други полиња и имате разбирање еден за друг.
Скорпија
За чудо, не ви е лошо, сите околу вас се нервираат, а вие сте мртви ладни. Размислувате како да дадете отказ и да тргнете во акција и да почнете отпочеток. Сметате дека сте неадекватно наградени за својот труд. Чувајте се од промени. Поради опасност од настинки и проблеми со грлото, бидете внимателни со ладните напивки. Се наоѓате во дилема и стравувате поради нешто. Морте да бидете внимателни и да избегнувате вербални дуели со партнерот.
Стрелец
Сакате да се наметнете во нешто за што не сте способни. Некои од соработниците ќе ве закочат веднаш штом ќе тргнете во акција. Проблемите со здравјето се врзани за неконтролирано внесување храна. Слаба точка на организмот се стомакот и жлездите со внатрешно лачење. Иако партнерот греши, го сакате и се' му простувате. Доколку сфативте дека нешто не е во ред со него, бидете трпеливи, бидејќи се ќе дојде на свое место.
Јарец
Романтично сте расположени. Бидејќи слободното време го поминувате во друштво, убаво се чувствувате. Не сте задоволни од работата со која се занимавате, особено ако таа се сведе на рутина. Имате страв од лекари, бидејќи се плашите дека сериозно сте болни. Но, грешите, сите проблеми доаѓаат од главата. Акутниот проблем е од органска природа, но е безопасен. Со партнерот сте во хармонични односи, бидејќи од него не очекувате ништо посебно.
Водолија
Ситуацијата бара од вас трпеливост. Чувајте се од провокации и импулсивност. Немојте да ги лутите луѓето од кои зависи остварувањето на вашите професионални амбиции. Поради нешто морате да се жртвувате, затоа и сте нервозни, а тоа се одразува на здравјето. Не оптоварувате се со љубовта, пребирливи сте затоа и сте осамени. Свртете го вниманието кон себе, но не запоставувајте ги блиските.
Риби
Се наоѓате во период што бара од вас приспособување кон околностите. Размислувате за преселба, но влеговте во мирен период. Ќе бидете во ситуација да им помогнете на помалку успешните соработници - се' поради остварувањето на заедничките интереси. Прекумерното внесување храна лошо се одразува на организмот. Можни се проблеми со холестерол или шеќер во крвта. Не реагирајте бурно кога партнерот е во прашање.
|