Број 3407  петок, 15 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Наjдолгата смена

Димитар Чулев

Среќно заврши најдолгата, 70-дневна смена на чилеанските рудари фатени во стапица таму некаде на 800 метри длабочина под чилеанската пустина Атакама.

Потфатот за спасување на 33 рудари е досега незабележан ни во Гинисовата книга на рекорди, ниту, пак, во Риплиевото „Верувале или не“ и претставува своевидно чудо на технологијата во функција на хуманоста: извлекување луѓе што ја работат најопасната професија на светот и кои влегувајќи во утробата на земјата, добиваат само едно „среќно“ покрај шлемот, ламбата и копачот. Вестите за загинати рудари на сите континенти се дел од агендата на медиумите, која не заслужува пос��бно внимание, освен да се пополни простор во вечерните вести по принципот – колку повеќе загинати, толку повеќе шанса да се истретира несреќата.

Но, несреќата во Чиле направи пресврт и наметна молскавична реакција. Особено кога на 22 август и по 17 дена прекин на комуникациите, од долу стигна сигнал дека 33 „отпишани“ се живи. Ставена е во погон машинерија почнувајќи од колегите рудари, кои како својот џеб ја знаат јамата, се' до НАСА, која ја приспособи својата вселенска технологија за пенетрирање во земјата. Капсулата „Феникс“ именувана според староегипетската легенда за птицата што се раѓа секогаш и одново од сопствената пепел, беше во старт контроверзна. Сериозни агенции ја споредија мисијата под Атакама со мисијата за спасување на астронаутите на „Аполо 13“, иако во споредбеното медиумско внимание несреќните рудари од Чиле не беа избраници што го освојуваа космосот во име на Земјата, туку припадници на групацијата „подземјани“, кои секојдневно умираат на сите меридијани. Смртта во рудниците се третира само како „данок на професијата“. Слабо платената професија, од вчерашниот ден, веруваме, ќе биде поинаку третирана.

„Чиле веќе нема да биде ист“, рече претседателот Себастијан Пењера, кој во акцијата за спасување од првиот ден го вложи целиот свој политички кредибилитет ризикувајќи свесно дека доколку се скине и една сајла или доколку затаи еден запчаник во сложената акција за спасување, тој ќе биде виновен за евентуално несреќниот крај на макар и на еден од рударите. Тоа е за почит.

Ќе остане тајна низ што минуваа триесет и тројцата во 70 дена. Агенции јавија дека пред враќањето на површината безмалку „отпишаните“ самите себе си дале завет дека никогаш нема да проговорат за 1.680 часа во кои атеисти преминаа во религија, религиозните се откажаа од поп, храбрите изгубија волја за живот, а оние што цел живот биле слаби, го предизвикаа животот. Ќе остане нејасно како функционираше подземната заедница на 33 мажи на возраст од 19 до 54 години, имајќи предвид дека научници што се занимаваат со таканаречена колективна психологија тврдат дека дури и во добро организирана и скапо платена туристичка тура, по 72 часа патниците во ексклузивниот автобус се делат на антагонизирани табори.

„Капетанот на бродот“ во чилеанскиот рудник Луис Урзуа ја урна таа теорија: тој успеа да ги „построи“ колегите почнувајќи од поделбата на голтка вода се' до залаци туна, а најмногу од се' што успеа да направи е да ги задржи здравиот разум.

Една милијарда луѓе го гледаа во живо извлекувањето на рударите. Лошо е што некои од 1.300 акредитирани новинари во деташираните редакции во Атакама известуваа за медиуми, кои ја поместија рударската несреќа како „ријалити шоу“ на своите програми. Лошо е, исто така, што и филмски продуценти ги пуштија во промет своите „трагачи по возбуди“, кои на преживеаните веќе им нудат огромни пари за евентуална идна холивудска сапуница за нивниот престој долу каде што, слободни сме да претпоставиме, Брус Вилис ќе биде шефот на смена долу, а Силвестер Сталоне горе на површина е тип што се кара со чилеанскиот претседател. Да биде приказната целосно прифатлива, Анџелина Џоли, веројатно, ќе биде главната женска личност, која во двочасовниот филм ќе минува низ драми дали да му се врати на „отпишаниот“ кој е долу...

Чиле, кој за една година доживеа две катастрофи по онаа со земјотресот, е повеќе од филм.


#
Статијата е прочитана 1000 пати.

Испрати коментар

Од: Somnitelna rabota!
Датум: 15.10.2010 21:24:50
Celata rabota mirisa na manipulacija! Kako moze tolkav broj na rudari da bide zatrupan i da ima hrana i voda za 3-4 meseci? Kako i koga im se dostaveni hranata i vodata? Cileancite napravija svetski spektakl i ne krijat deka uspeale da ja promenat ,,slikata,, za nivnata zemja. Alal neka im e vakvoto majstorstvo.

Најди! во Утрински
Насловна
Магазин
Тиквешански
Македонско-бугарски историски контроверзии (6)
Никој не успеа да го замени
Забрана за снимање во Босна
Непотизмот е опасен вирус на Медицински
Денот на булката
Во Нов Зеланд алкохолот поевтин од водата
Едните бараат младост, другите искуство
Мандат на кредит
Ајша доби нов нос и... живот
Самарас му рече збогум на Мицотакис
Металург го прегази Вардар во дербито
Наезда од бивши ЈУ-пејачи
Валканиот ендек
Жртва на погрешна дијагноза за ракот на дојката
Кој ако не сестра?
Чиле слави за спасените
Запленети еден милион лажни лекови
Јатрви на плот
Бебињата на вештачка храна склони кон дебелеење
Фиџи не знае каде им е независноста
Антихороскоп
Стил
Неделен хороскоп
Или газда на општествен стан, или со куферите надвор
Контрадикторна
Отворете очи, врие од отровни играчки!






MEPs voice outrage over Romania's media policy
Hungarian parents paid to keep toddlers at home
Bulgaria deploys helicopters to hunt tax dodgers